Поранешниот градоначалник на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу и поранешниот директор на истанбулската полиција Хусеин Чапкин, кои се уапсени и испратени в затвор по обвинение за поврзаност со терористичката организација на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на неуспешниот обид за преврат, ги добија конечните судски пресуди.
Судот на Мутлу му изрече казна затвор од три години, а на Чапкин од две години и еден месец. Имајќи го предвид времето поминато в затвор пред добивањето на конечната пресуда, судот утврди Мутлу да биде пуштен на слобода. Чапкин останува в затвор и ќе го отслужи останатиот дел од казната.
Поранешниот градоначалник на Артвин и Хакари, Неџметин Калкан беше осуден на четири години и два месеца затвор. Исто така, и поранешниот околиски гувернер на реонот Багџалар во Истанбул е осуден на затворска казна од пет години.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.