• Latest

Двете работи кои Владата на Зоран Заев не смее да си ги дозволи

June 6, 2019

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Двете работи кои Владата на Зоран Заев не смее да си ги дозволи

June 6, 2019 21:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Колкава е цената на лагите? Таа не се состои во тоа дека ние по грешка ќе мислиме дека тие се вистина. Реалната опасност е дека ќе слушнеме толку многу лаги, што веќе нема да можеме да ја препознаеме вистината.“

Даме Чкатроски

Велат дека Легасов ова никогаш не го рекол во своите аудио-касети па беше редно да го повторам иако не е ни мое. Колку да се знае.

Во тековните настани, што крупни, што не се гледаат, оваа влада на Зоран Заев не би смеела да влезе во две крупни работи што се провлекуваат кај некои од неговите министри, советници и арбитри кои за нас не секогаш се доволно познати.

Посебен отпор кон овие две работи би требале да дадат и пратениците, но и новиот претседател на Република Северна Македонија.

Нема нити една причина да бидат поминати низ агенции, владини седници, тајни и јавни состаноци и дебати на експерти, а верувајте дека скоро е предвидено да се отворат не само како дебата туку дискусии на платени експерти од разни интересни групи.

Тука посебно сме со умисла да им загорчиме живот и кај Меѓународната. Онака, за прв пат, брутално до дрт.

Колку да се знае дека оваа земја има и некакви што мислат ,а не само такви што ни мислат. Стартот за ова ќе биде било каква изјава на владин или близок на владата, а се однесува на овие две теми кои ете подолу ќе ги напишам.

1. Македонија НЕ СМЕЕ да земе учество, процент или удел во изградбата на Нуклеарната Централа Белене

Било каков договор со Софија во оваа фаза на рускиот јуриш на Белене не смее да биде во игра, а посебно гаранции за проценти, удели на Македонија во оваа комплицирана каша на Софија и лобистите на Русија во Софија. Таму, толку не е чисто, што нема потреба да играме и ние да би се доизвалкале. Измената на администрацијата во ЕУ ,посебно на Јункер во Скопје и Софија  веќе ја сметаат за старт на пресијата врз Скопје и Белград да влезе во тој проект. Ене им го Белград, доволен им е. Ние нема што да правиме во овој очигледно крупен проект од корупција освен да си поминеме слично и ако не и поскапо од ОКТА.

2. Есенска продажба на Македонскиот Телеком

Македонскиот Телеком НЕ СМЕЕ да се дозволи да биде продаден заради судските процеси кои траат по него. Секаква продажба дури траат тие процеси ќе се смета за високо коруптивна. Телекомот може да биде продаден само доколку низ судските лавиринти се донесат пресуди, но и судот заклучи колку Македонскиот Телеком ги чини граѓаните, а и богами тоа е скапо. Толку, колку што чини и самиот телеком. Можат лесно да ни го отстапат заради порамнување на сметките, кога судот утврди колку граѓаните на Република Северна Македонија се оштетени.

Носење на одлуки различни од резултатот по судскиот, а подоцна и арбитражниот процес во САД, каде сопствениците на истиот телеком ја признале сопствената вина, НЕ МОЖЕ да донесе никаква друга одлука во судовите на Република Северна Македонија. За жал, колку и да се притиска и лобира, одлуката на нашите судови мора да биде истоветна со одлуката на судот на САД.

Признанието на сопствената вина значи спогодбената исплата на отштета во арбитражниот процес и е побарана од страна на тие кои се чувствуваат за виновни.

Судот прифатил, а во арбитражна постапка убаво ги натерал убаво да платат, а тие тоа го направиле на општо задоволство. Впрочем и самата арбитражна постапка е побарана со признание на вината на телекомот.

Меѓународната пак ќе го чита ова и ќе си се смешка. Можете да се кладите за ова.

 

 

 

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share469Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ