„Генералниот секретар Антонио Гутереш го поздравува објавувањето на двонеделното примирје од страна на САД и Иран“, се вели во изјавата на портпаролот на Гутереш за конфликтот на Блискиот Исток.
Во соопштението се наведува дека Гутереш ги повикува сите страни во тековниот конфликт на Блискиот Исток да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право и да се придржуваат до условите на прекинот на огнот со цел да се отвори патот кон траен и сеопфатен мир во регионот.
„Генералниот секретар нагласува дека е итно потребен прекин на непријателствата за да се заштитат животите на цивилите и да се ублажат човечките страдања“, се вели во соопштението.
Гутереш се заблагодари и на Пакистан и другите земји вклучени во олеснувањето на прекинот на огнот.












