• Latest

ДЗР: АД Пошта со 10 милиони евра загуба истовремено исплатила 7 директори со 45.000 евра за менаџерско осигурување

May 29, 2020
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДЗР: АД Пошта со 10 милиони евра загуба истовремено исплатила 7 директори со 45.000 евра за менаџерско осигурување

May 29, 2020 13:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Загубата од 10 милиони евра не го спречило АД Пошта да исплати огромни износи за менаџерско осигурување за 7 директори на акционерското друштво кои истовремено се дел од Управниот и Надзорниот одбор, стои во последниот ревизорски извештај на ДЗР за 2018 година.

Според извештајот на ДЗР, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра, додека во истиот период е забележана загуба од 10 милиони евра.

Директорите на акционерското друштво ги бира Владата, а доколку Надзорниот одбор одобри може да се склучи договор за нивно менаџерско осигурување со осигурителна компанија.

„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурителни случаи, се предвидени исплати на оштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата на осигурување, во процент од 89,5, се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на поштата која извршила плаќање на премијата на осигурување“, пишува во ревизоркиот извештај.

Ревизорите одговорноста за овој ревизорки извештај ја лоцираат кај Фадис Реџепи генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08. 2018 и кај Ејуп Рустеми кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година.

Покрај овие во извештајот на ДЗР се наведени и низа други нерегуларности како што е вработување на лица со средна стручна спрема на позиции наменети за вишо или високо образование. Понатаму, вработувањата се направени согласно колективен договор кој е во спротивност со Законот за работни односи.

Ревизијата утврдила и дека во текот на 2018 година вработените несовесно постапувале со земени аванси и не вратиле околу 16.000 евра во касата на АД Пошта.

„Со анализа на старосната структура на побарувањата утврдивме деа 10 проценти од нераздолежените аванси потекнуваат од 2018 година, 65 проценти се побарувања од 2017 година, 4 проценти од 2015, 17,5 проценти од 2014 и 3,5 проценти од 2013 година“, се вели во Извештајот.

Ревизијата констатирала и дека во 2018 година АД Пошта извршила продажба на градежен објект/деловен простор во нејзина сопственост без да пресмета и наплати данок на додадена вредност.

Согласно констатираните состојби ревизијата се воздржува од давање на мислење за финансиските извештаи за 2018 година, а изрази и неповолно мислење за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

М. И.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ