• Latest

ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии

January 28, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии

January 28, 2025 11:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фонд ПИО) за 2023 година во која заклучува дека наплатените придонеси од плата на Фондот и во 2023 година не се доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии.

Со извршената ревизија е изразено неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Во ревизорскиот извештај е утврдено дека не е извршено евидентирање на имотот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кое Фондот има сопственост или пренесено право на користење, дека не е целосно спроведен пописот на средствата и обврските и дека е извршено бришење на отпишаните движни ствари од сметководствената евиденцијата, без одлука на Влада и без спроведување на постапка за нивно уништување или отуѓување.

Воедно е утврдено дека Фондот не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акцизи и целосноста на наплатените приходи по овој основ, на сметката за уплата и распределба на придонеси на крајот на секоја година остануваат парични средства за кои дел се неидентификувани уплати на придонес и за истите не се создадени можности да се користат за исплата на пензии. Утврдено е дека е склучен договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена соодветна постапка, како и слабости во спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки, во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои стопанисува Фондот и во безбедноста и сигурноста на ИТ системот.

-Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за недавање согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон, се вели во извештајот од ДЗР.

Во текот на 2023 година, се додава, спроведенa e набавкa за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата, филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои склучени се договори и анекси кон договорите во вкупен износ од 35.883 илјади денари за која ревизорите утврдиле слабости во нејзиното спроведување и реализација.

-За позициите за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции кои во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети како неприфатливи, кои за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два) пати пониски цени, се посочува во извештајот.

Се нагласува дека Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, подрачните единици, во Секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот.

-Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеци, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од 50.377 илјади денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите, велат од ДЗР.

Кај делот кој се однесува на внатрешните контроли во подрачните единици (ПЕ), како што посочуваат од ДЗР, ревизорите утврдиле состојби кои влијаат на квалитетното извршување на работните обврски на Фондот и тоа не ажурност во работењето и постоење на стари и не решени предмети од пред повеќе години, не функционалност на системот за евиденција на работното време, не соодветна распределба на работните обврски помеѓу вработените и лицата по договор за дело, поголем обем на работа кај одредени ПЕ и потреба од нови вработувања. Покрај тоа речиси кај сите ПЕ е утврдена состојба на не соодветни хигиенски услови за работа во деловните простории и уништени натписни табли на Фондот, потреба од реконструкции на објектите кои во најголем дел се користат заедно со ФЗО. Утврдено е дека предметите се чуваат во несоодветни услови и постојат можности за нивно оштетување од кражба, влага и поплави и уништени предмети, како и дека има слаба комуникација и координација на ПЕ со Централата во Скопје.

Ревизорите утврдиле слабости и во делот на функционирањето на воспоставените внатрешни контроли во процесот на обработка на пензиските досиеја и исплата на пензиските примања, кој се одвива преку воспоставениот електронски систем што влијае на навременоста и точноста на постапката на пресметка и исплата на пензиските примања.

Дополнително покрај состојбите опишани во основот за неповолно мислење за финансиските извештаи, ревизорите го идентификувале клучнотo ревизорско прашање кое се однесува на дефицитот на средства со кој се соочува Фондот во континуитет.

-Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 година се зголемени за 13 отсто во однос на претходната 2022 година и изнесуваат 63.340.987 илјади денари со учество од 65,74 отсто во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така секоја година бележат раст, посочуваат од ДЗР.

Нагласуваат дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, од 2019 година бележи тренд на намалување. Во 2023 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 32,6 отсто.

Во декември 2023 година бројот на осигурениците изнесува 573.372 лица додека бројот на пензионери изнесува 337.814 лица односно соодносот пензионери/осигуреници изнесува 1:1,70 и бележи мало намалување во однос на 2022 година кога изнесувал 1:1,71.

Во делот на останати прашања ревизорите ја истакнуваат состојбата во врска со донесениот Закон за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани во декември 2023 година со кој е извршена исплата и тоа на: корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои се евидентирани на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

-Не оспорувајќи ги заложбите за доделување на финансиска помош на оваа категорија на граѓани, ревизорите истакнуваат дека донесувањето на овој закон кога е извесно дека ќе се спроведат редовните избори за избор на претседател на Република Северна Македонија закажани на 24.04.2024 година, распишани со Решение на Собранието на 14.02.2024 година, како и избор на пратеници во Собранието, распишани на истиот датум и закажани избори на 08.05.2024 година, за кои се исплатени средства на корисниците на пензија во предизборниот период од месец февруари до април 2024 година во вкупен износ од 1.243.322 илјади денари е во колизија со барањата на член 8-а од Изборниот законик согласно кој не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, посочуваат од ДЗР.

Ревизорите, како што велат, укажуваат дека согласно одредбите од членот 8-а од Изборниот законик, исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории по распишувањето на изборите на 14.02.2024 година требало да престане да се исплатува се до завршување на изборот на претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Исплатата на средствата се вршела преку разделите на МТСП, Фондот и МОН од кои по денот на распишувањето на изборите спротивно на барањето на член 8-а од Изборниот законик исплатени се средства во износ од 1.750.549 илјади денари, јави МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ