• Latest
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

March 25, 2026

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДЗР со неповолно мислење за ДИК: системски слабости, неправилности во буџетот, набавки без тендер и хаос во документацијата среде изборна година

March 25, 2026 10:20
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Неповолното мислење на Државниот завод за ревизија за работењето на Државна изборна комисија во 2024 година не е само техничка забелешка за сметководствени пропусти – тоа е сигнал за подлабоки, системски проблеми во институцијата која треба да гарантира фер и кредибилен изборен процес.

Во година во која се одржаа претседателски и парламентарни избори, ревизорите констатираат дека финансиските извештаи „не ја прикажуваат вистинито и објективно“ состојбата и дека значаен дел од активностите не биле во согласност со законите.

На прв поглед, дел од наодите изгледаат како административни слабости: нецелосен попис, недостасувачка документација, неажурирани евиденции. Но кога ќе се поврзат, тие создаваат слика на институција со нарушени основни контролни механизми.

Пописот на имот – една од клучните алатки за финансиска контрола – е спроведен делумно и без суштински елементи. Недвижности не се проценети, дел од средствата не се евидентирани, а пописните листи не содржат ни вредносни податоци.

Дополнително, ДИК функционирала без генерален секретар речиси четири години – позиција која е клучна за координација на администрацијата и законитоста на процесите. Оваа празнина не е само кадровски проблем, туку и институционален вакуум.

Еден од најчувствителните делови од извештајот се однесува на распределбата на средствата за изборите. Наместо законски утврдениот сооднос (две третини за изборна администрација, една третина за политичко рекламирање), буџетот бил планиран и делумно реализиран поинаку.

Резултат – прелевање на околу 129 милиони денари кон платено политичко рекламирање.

Во политички контекст, ова отвора дилема – дали ваквата распределба индиректно влијае врз рамноправноста на изборната трка, имајќи предвид дека токму рекламирањето е клучна алатка за видливост на политичките субјекти.

Ревизијата нотира дека значителен дел од општинските изборни комисии доставувале некомплетни извештаи без фискални сметки, без формулари за присуство и без записници за усвојување.

Истовремено, исплатите кон изборната администрација се вршеле врз основа на ваква нецелосна документација, а пресметките се правеле рачно – во Excel табели.

Дополнителен проблем е начинот на кој се трошат јавните средства преку набавки. Ревизорите утврдиле дека се вршени набавки без јавна постапка, дел од постапките биле со преговарање без оглас, а набавката на софтвер за изборни резултати била со нејасни спецификации и без почитување на процедурите.

Дополнителен товар врз финансиската стабилност на Државна изборна комисија претставуваат и активните судски постапки, кои отвораат нов слој на неизвесност околу идните обврски на институцијата.

Заклучно со крајот на 2024 година, ДИК се јавува како тужител во 13 судски спорови против едно правно лице, со цел поврат на околу три милиони денари средства за кои се смета дека се стекнати без правен основ. Но, паралелно, Комисијата е и на спротивната страна во 12 постапки, каде што се соочува со побарувања од вработени и компании.

Дел од тужбите се однесуваат на неисплатени права од работен однос, во вредност од околу 694 илјади денари, додека останатите се по основ на неисплатени долгови кон правни лица, кои достигнуваат речиси два милиони денари.

И покрај значењето на изборниот процес, ДИК со години нема сопствен магацин за изборен материјал. Материјалите и опремата, вклучително и биометриските уреди, се чуваат во изнајмени или привремени простори, често несоодветни.

Со пополнети само 32% од систематизираните работни места, институцијата работи со сериозен кадровски дефицит. Според ДЗР последиците се прекувремена работа над законските лимити, зголемени трошоци, намалена контрола и зголемен ризик од грешки.

Најзагрижувачкиот дел од извештајот е континуитетот на слабостите. Речиси идентични забелешки биле нотирани и во ревизијата за 2019 година. Од девет препораки пред 7 години само една е целосно спроведена, четири остануваат нереализирани.

Иако ревизорскиот извештај не оценува директно изборни резултати, неговите наоди имаат поширока тежина. Финансиското работење, транспарентноста и институционалниот капацитет се дел од основата врз која се гради довербата во изборниот процес. Кога токму институцијата што ги организира изборите функционира со вакви слабости, прашањето повеќе не е само техничко – туку политичко.

ДЗР во Ревизорскиот извештај препорачува итни мерки за подобрување на финансиската дисциплина, целосно почитување на законите и зајакнување на внатрешните контроли.

Б. Јордановска

Tags: ДЗРДИКизборинезаконско трошење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ