Во рамки на тековните активности на Државниот завод за статистика за успешно спроведување на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, денеска со почеток од 12:00 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, ќе биде организирана работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава.
Средбата има за цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот.
На работниот состанок ќе присуствуваат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собрание, Талат Џафери и Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Пред неколку дена Собранието го изгласа Законот за попис, а потоа и претседателот Стево Пендаровски го потпиша.