• Latest

ДЗС: Над 95 проценти од резидентно население се писмени, 1,2 проценти се неписмени според Попис 2021

June 1, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДЗС: Над 95 проценти од резидентно население се писмени, 1,2 проценти се неписмени според Попис 2021

June 1, 2022 15:09
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени.

Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.

Од вкупно 1 525 366 резидентно население на возраст од над 15 години за 45 174 нема податоци.

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 отсто без образование, 62 129 лица или 4.1 отсто се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27,8 отсто се со основно образование, 672 375 лица или 44,1 отсто се со средно образование, 263 349 лица или 17,3 отсто се со високо образование, 29 654 лица или 1,9 отсто се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45 174 лица или 3,0 отсто се со непозната школска подготовка.

Во вкупното резидентното население на возраст од пет години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10,7 отсто посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4,6 отсто се во средното образование, додека 93 804 лица или 5,4 отсто се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ