До 15 часот, попишани се 1.000.034 лица, известуваат од страната Попис 2021 на Фејсбук.
Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет.
Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk., посочуваат од ДЗС
„Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!“, се порачува во објавата на ДЗС.