• Latest

ЕБОР ја поддржува првата инвестиција во инфраструктурата за цврст отпад во Северна Македонија

January 17, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ЕБОР ја поддржува првата инвестиција во инфраструктурата за цврст отпад во Северна Македонија

January 17, 2023 13:10
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува Северна Македонија во модернизација и проширување на системот за управување со цврст отпад. Банката обезбедува 55 милиони евра државен заем со кој ќе се финансира изградба на две нови регионални депонии и рехабилитација на постоечка депонја, нови трансфер станици за цврст отпад со соодветна инфраструктура за собирање и транспорт и рециклирачки центар. Двете нелегални депонии ќе бидат затворени. Проектот ќе биде спроведен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од ЕБОР.

Со оваа инвестиција се предвидува воспоставување на три регионални интегрирани системи за управување со отпадот според стандардите на Европската Унија (ЕУ), во пет региони (Полог, Југо-запад, Пелагонија, Вардарски и Југо-исток), што ќе обезбеди собирање и транспорт на отпад за повеќе од еден милион граѓани. Како резултат на проектот, праксата на складирање цврст отпад во нелегални депонии ќе се искорени и ќе се воведе нов систем на работа, кој е безбеден за животната средина и е во согласност со стандардите на ЕУ.

Сузан Горансон, Директор на Инфраструктура во Европа, ЕБОР изјави: ,,Со задоволство ја поддржуваме модернизацијата на системот за управување со отпадот во Северна Македонија, со нашата прва инвестиција во овој сектор. Модернизацијата на системите за управување со отпадот и зголемувањето на стапката на рециклирање се клучни за намалување на загадувањето, создавање можности во циркуларната економија и приближување на земјата до еколошките стандарди на ЕУ.”

Фатмир Бесими, Министерот за финансии на Северна Македонија, изјави: ,,Оваа инвестиција е од клучна важност за зелена и одржлива иднина на Северна Македонија. Не само што значително ќе го намали загадувањето, како главен приоритет за нашите граѓани, туку и ќе послужи како водечки пример за поттикнување и развој на нови проекти во областа на циркуларната економија. Горди сме што заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, за прв пат донесуваме толку важна промена во управувањето со цврстиот отпад, во согласност со стандардите на ЕУ. Оваа инвестиција, поддржана од ЕБОР, како и грантовите на Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија и Инвестициската програма за Западен Балкан, обезбедува просперитетен регионален развој на нашата земја”.

Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, изјави: ,,Конечно, после 31 година независност, Северна Македонија сериозно инвестира во изградба на инфраструктура за управување со отпадот според европските стандарди. Тоа ја потврдува нашата посветеност, како Влада и министерство, за реализација на зелената агенда за земјата. Новиот пристап предвиден со регионалниот систем за управување со отпадот, ќе овозможи имплементација на поефикасно собирање, транспорт и отстранување на отпадот, како и изградба на две депонии во согласност со националните и легислативите на ЕУ за депонии. Инвестираме за доброто на нашите граѓани, но истовремено создаваме подобра, поздрава животна средина и услови за живот на идните генерации, благодарение на поддршката која ја добиваме од ЕБОР”, додаде Министерот.

Проектот, ќе биде поддржан и од донаторски средства во висина од 24 милиони евра инвестициски грантови и 13,1 милиони евра техничка помош, преку Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO), Шведската меѓународна агенција за соработка и развој (SIDA) и Инвестициската програма за Западен Балкан (WBIF).

Финансиската поддршка од Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија, од приближно 9 милиони евра, ќе биде распределена на инвестициска компонента во висина од околу 6 милиони евра за финализирање на рехабилитацијата на депонијата во Полог и приближно 3 милиони евра за понатамошен развој на институционалното управување на регионално и локално ниво во секторот. Финансиската помош од Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија, ќе биде искористена и од страна на  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, во делот на проширување на нивните надлежности во секторот на цврстиот отпад, вклучувајќи и подготовка на нова тарифна методологија.

Проектот, вклучува и компонента за инклузивни и социјално одговорни јавни набавки, финансирана од Инвестициската програма за Западен Балкан (WBIF), преку која ќе се обезбеди обука на припадници од Ромската заедница и жени, и ќе се даде пример, како големите инфраструктурни проекти во секторот на цврстиот отпад можат да придонесат кон инклузивност.

Покрај тоа, се очекува поддршката преку Инвестициската програма за Западен Балкан (WBIF) средства во висина од 22,3 милиони евра, како и 2 милиони евра за изработка на студии за развој во двата региона. Подготовката на проектот и претстојната имплементација се поддржани од Шведска меѓународна агенција за соработка и развој (SIDA), со финансиски средства од 1 милион евра.

Проектот е во согласност со Парискиот Договор, и со следење на одребите од истиот, значително ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови, со проценето намалување на емисиите од еквивалентн на околу 182.000 тони јаглероден диоксид годишно.

ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во 171 проекти од различни сектори на економијата, со главен фокус врз развојот на приватниот сектор.

Tags: ЕБОРинвестицијаМЖСППцврст отпад
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ