Предлог законот за воведување една изборна единица помина на Kомисијата за политички систем иако имаше и пратеници со различни ставови во однос на овој предлог. Предлогот за една изборна единица помина со 11 гласа за, по што треба да следи и отворена јавна расправа за промена на овој модел.
ДУИ не се согласува со промена на постојниот модел од 6 изборни единици.
Предлогот наиде на поддршка од СДСМ, но се бара за тоа да има консензус од поголемиот дел од партиите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат овој предлог и велат дека гласот на секој граѓанин треба да е еднаков и треба да тежи секаде исто. Тој ги повика и другите партии да го поддржат за повторно да не заглави и да не биде донесено.
Алијанса за Албанците останува на својот став дека треба да има 8 изборни единици колку што има регионални економски зони.












