• Latest
Стевче Дечев

Една ластовичка не ја прави пролетта!

March 24, 2021
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Една ластовичка не ја прави пролетта!

March 24, 2021 09:18
in ЗЕЛЕНИ, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Стевче Дечев

Стевче Дечев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СТЕВЧЕ ДЕЧЕВ

Ако омразата може да биде претворена во електрична енергија ќе може да го осветлиме целиот Свет.

Токму со оваа мисла од Никола Тесла сакам да ја започнам оваа колумна. Зошто? Затоа што незначително помина Светскиот ден на пролетта, можеби затоа што надвор паѓаше снег. Истиот ден кога се слави пролетта се одбележуваше и Светскиот ден на поезијата и Светскиот ден на обновливата енергија. Но тој ден да се одбележува кај нас би било навистина контрадикторно, нели? Затоа што ние сме ти држава со повеќе од 260 сончеви денови, а производството на енергија наместо од сонце во главно го реализираме од фосилни горива, дури и имаме увоз при недостатоци.

Пролетта, обновливите извори на енергија, поезијата поминаа незабележително, затоа што медиумите го оптоварија денот со изборите во владејачката партија каде имаше голем избор дури од еден кандидат за претседател, наспроти коментарите од најголемата опозициона партија која дефинитивно има амнезија дека и нивниот претходен лидер беше избиран на конгрес како единствен кандидат. Но битно имаше канонада од политичките и националистичките пораки, напади и информации.

Знаете што? Национализмот, фанатизмот, шовинизмот, политичката поделеност и плукање не се гледаат од вселената. Но многу добро од таму се гледаат местата каде има пустина, а каде има зеленило или вода.

Национализмот и политичката поделеност го поттикнуваат најлошото во нас, а потоа ни кажуваат дека сме најдобрите. Тие не ни носат леб на маса, напротив ни ги сушат грлата од плукање едни со други. Но ние милуваме да го правиме тоа надевајќи се дека на другиот побрзо ќе му се исуши устата од плукање.

Зошто ги спојувам овие две теми? Темата: за Денот посветен на обновливата енергија и Темата: за национализам и политичка поделеност. Затоа што првата тема носи развој за кој треба се почесто да говориме, а втората носи стагнација.

Стагнацијата како последица постои кога преовладува темата за национализам или политички поделености. Но тоа не се случува само кај нас, тоа резултира со стагнација и во светски рамки. На пример Средниот Исток е буре барут. Либералната демократија е во повлекување. Светската Трговска Организација се соочува со егзистенцијална криза. НАТО и трансатлантските култури се под притисок. Светскиот Поредок нема да трае засекогаш. Улогата на Huawei во 5G, иницијативата за еден појас еден пат на Кина, екстериторијалните санкции на САД против гасоводот „Северен ток 2“ и контролата на извозот на САД против високотехнолошката стока од Кина се економски геостратешки проблеми во кои сите ги следат интересите.

Продажбата на нафта и гас опфаќа повеќе од 60 проценти од фискалните приходи во земји како Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт и Катар. Секоја земја има делови што зависат од екстракција и обработка на јаглен. Напуштањето на јагленот ќе ја чини Германија 44 милијарди евра. Да речеме дека би ги чинело САД 250 милијарди долари да го сторат истото. Дури и ако се прифати таа цена, сè уште постои прашањето што наместо тоа би сториле државите што се зависни од јаглен. На пример, ако го напушти јагленот, вредноста на тексашката економија во суштина би паднала на нула. Адаптацијата е лесна за работниците со висока свест за животната средина или за луѓето во градовите со добар јавен превоз. Но, целиот начин на живот на некои луѓе ќе треба да се испланира наново, а тоа мора да биде преку решителност валканите пари да ја напуштат политичката сцена. Решение кон транзиција за поквалитетен живот ќе биде запирање на субвенциите за фосилни горива и премин кон одржлив транспорт и развој на следната генерација на енергетски системи.

Каква држава е потребна за успешна еколошка транзиција?

Потпишувањето на Парискиот договор го разоткри јазот во реалноста што ги обликува ставовите на владите кон животната средина. Усвојувањето на амбициозен и универзален договор за климата не го расчистува патот кон зелената држава. И токму таму започнуваат проблемите.

Дискусиите и спротивставените страни за животната средина треба да завршат. Резервна планета немаме! Пристигна моментот за акција.

Од година во година, извештаите за климатски промени ни кажуваат дека времето истекува. Како можат луѓето да веруваат дека „борбата против климатските промени“ ќе се добие ако на национално ниво, субјектите кои се борат за имплементација се малубројни, а активностите на поголемите играчи за климата се само декларативни? Стимулациите за купување зелени автомобили или изолација на домовите ќе функционира само доколку владите – мислам на националната и локалните спроведат поамбициозни еколошки активности и еколошка визија изградена врз нивна моќ за да ја регулираат економијата, да ги спроведат законите и да бидат водечки пример.

Како што една ластовичка не ја носи пролетта, така и една, две општини со минимални буџети за субвенционирање на еко мерки нема да обезбедат еко трансформација на општеството.

Трансформацијата на општеството за заштита на животната средина бара повеќе инвестиции и поголема прераспределба помеѓу регионите, дури и до најмалата состојба – ревизија на буџетските правила и распределба на ресурсите.

Урбаното загадување во Европа убива 500 000 луѓе годишно. Загадувањето на воздухот и неговите здравствени последици, пристапот до квалитетна храна и спречување на хронични заболувања се теми кои исто така влијаат на работниците. Трката за чиста технологија е во тек. Европа е во политичка позиција да ги постави стандардите, финансирањето и регулаторниот режим во ова нова стратешка индустрија. Во овој контекст, Европскиот Зелен Договор може да биде столб на стратегијата за поврзување на Европа, промовирајќи одржлива инфраструктура во земјите на европските граници и пошироко.

Енергијата е клучна геополитичка одлика на Европскиот Зелен Договор. Енергетската безбедност е единствениот геополитички аспект на размислувањето на Зелениот Нов Договор што во изминатиот период доби соодветно внимание. Потег кон целосно обновлив и ефикасен енергетски систем ќе ја одвикне европската економија од нафтата и природниот гас од автократските држави, намалувајќи го влијанието на Русија која извезува гас. Одговарајќи на климатските цели во Париз, Европскиот Зелен Договор ќе го зајакне мултилатерализмот. Како климатска политика, тој исто така ќе ја намали веројатноста за суши, поплави и недостигот на вода – бидејќи сите од нив имаат потенцијал да предизвикаат идни геополитички настани, од конфликт до движење на бегалци.

Јас не сум енергетичар, знам дека е можеби интересен, но за мене е сложен процесот како се добива енергијата, но знам дека ако пикнам два прста во штекер ќе ме фати струја, а желбите нема да ми се исполнат. А желбите посебно на оваа тема ми се многубројни, но главната ми е да нашата држава продолжи многу поамбициозно кон ОЗЕЛЕНУВАЊЕ на општеството.

Европскиот Договор со зелена боја некои велат дека ќе обезбеди улога на губитниците во новиот поредок за климата. Но напротив, овој договор обезбедува да се постигне помош државите кои имаат економии зависни од нафта и јаглен да воспостават амбициозна инфраструктура за обновлива енергија поврзана со Европа. Стариот свет на енергија мора да се остави во минатото, но соседите во Европа мора да можат да го најдат своето место во новиот свет. Идеална, поддршка за регионот би била поврзана со реформите во областите на корупција, транспарентност, демократија и човекови права.

На крај, но не и најмалку важно, Европскиот Зелен Договор не треба да стане политика на транзиција што создава победници и губитници во рамките на ЕУ. Тоа може да ја „направи или растури“ Европа. Тој треба да стане платформа што ја обединува Европа и ја зајакнува наспроти Кина и САД, или доколку е спротивно може ја подели Европа помеѓу Исток и Запад. Доколку се случи тоа, трети страни како Кина ќе имаат лесна работа за поделба на Европа уште повеќе.

Зелениот Нов Договор ќе биде win-win ситуација. Зелениот Нов Договор ќе донесе нова пролет и многу ластовички и кај нас. Само да останеме посветени на неговата имплементација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ