• Latest

Една недела од изборната кампања

July 1, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Една недела од изборната кампања

July 1, 2020 10:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се интензивира кампањата за парламентарните избори на 15 јули. Носителите на кандидатските листи и денеска ќе го продолжат претставувањето на собири и средби со граѓаните, на социјалните мрежи и на електронските медиуми.

Лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во првото телевизиско соочување во изборната кампања побараа поддршка од граѓаните. Првиот за да се продолжи по вистинскиот пат, а вториот за да се поддржи чесност и исполнување на ветувањата.

– Можеме да ги решиме големите историски прашања за нашата земја и таа да продолжи да оди напред, да биде интегрирана, да биде членка на НАТО, да почне преговори со ЕУ, порача Заев во обраќање до гласачите во дуелот  на ТВ 24 со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Докажавме, наведе Заев, дека во услови на решавање на најголемите крупни прашања ја кренавме економијата од депресија, комплетна рецесија, -1,8 проценти, комплетно во раст и развој со 3,6 проценти. Докажавме дека има пари за повисоки плати и за повисоки пензии. Во следниот период ќе има уште поголеми плати, уште повисоки пензии, доволно работни места, квалитетни работни места за граѓаните, за да може да ги привлечеме овде да останат сите и млади и повозрасни, зашто тоа е нашата Македонија, тоа е нашата иднина, дома да бидеме продуктивни, порача Заев.

Според Мицкоски, претстојните избори ќе одлучат за иднината на државата.

– Ова се избори на коишто вие треба гласно  да зборувате за сета неправда, за сите измами, за сиот криминал, за сета корупција, за овие луи витон куферчиња за трас-трас судските одлуки или пак да поддржите чесност и честитост. Ова се избори во коишто вие треба гласно да изберете во каква Македонија сакате да живеете, изјави Мицкоски. Гарантираше дека сето она што е во нивната изборна програма, ќе биде реализирано. Ги повика граѓаните на 15 јули масовно да излезат на гласање.

Караванот на Коалицијата „Можеме“ во текот на вчерашниот ден беше во Радовиш, Врапчиште и Велес. – Мојот личен и најголем мотив во оваа изборна кампања е да да ги вратиме и да ги задржиме младите тука. Младите во изминатите 11 години ја напуштаа земјата затоа што беше газено нивното достоинство, порача од Велес генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски.

Во тек на теренските изборни активности во општините Конче, Радовиш и Струмица Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани. Држава која под еден покрив ќе ги собере и оние кои се десни и оние кои се леви и во центарот, политички определени и неопределени, и Македонци, Власи, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите обесправени, омаловажени, покрадени, потчинети и излажани.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе се претстават во Пласница (17:00), Македонски Брод (18:30), Кичево во 20:30 часот.

Првиот кандидат за премиер Албанец Насер Зибери синоќа од Куманово изјави дека се залага за суштински реформи од повеќе области, политички, економски, социјален аспект од кои корист ќе имаат сите граѓани во државата.

– Вистински реформи за да ги надминеме проблемите. Реформите нема да бидат само на хартија, туку ќе значат подобар живот за сите, рече Зибери во изјавата за медиумите по завршување на митингот на ДУИ на градскиот плоштад во Куманово.

Најавени се и претставувања на кандидатите за пратеници во други места во шесте изборни единици. Дел од партиите ќе одржат и прес-конференции, како политичката платформа „Македонски концепт“, ДПА, Интегра…

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски пред неколку дена изјави дека најверојатно денеска ќе биде заклучен избирачкиот список.

– Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список. Завршени се сите потребни активности, обработката на податоците. Не можам точниот број да го кажам, но 1.814.000 и неколку стотини гласачи ќе бидат на избирачкиот список на овие избори. Ќе почекаме до среда кога дефинитивно ќе го соопштиме точниот број. Потоа избирачиот список се обработува во нашите служби, се генерира за печатење во печатницата, рече Деркоски.

Претседателот на ДИК повтори дека избирачкиот список е чист, ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат државјанство.

-Постојаното чистење на списокот што се одвива во континуитет во ДИК, преку подрачните единици, континуираното квартално доставување од страна на МВР, доведува до тоа овој список да има високо ниво на прочистеност и граѓаните не треба да се грижат околу тоа дали или не е избирачкиот список во ред, рече Деркоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ