• Latest

Едно општество за сите – визија или невозможна мисија

November 1, 2021
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Едно општество за сите – визија или невозможна мисија

За новиот европски терен на Северна Македонија ѝ треба уште по некоја уставна глазура. Уште по некоја храбра дефиниција без национални комплекси.

November 1, 2021 10:24
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Најзелено од зелените вредности е влогот „Едно општество за сите“. Како дотаму, како до  него?

Кога се споменува аксиомата „зелени вредности“ обично во миг се помислува на чиста животна средина, на органски разградливи материи, на чист воздух, на улици без смет, на празни контејнери, на зелени површини, на реки без пластични шишиња по нивното течение. Со еден збор, на екологија. Терминот екологија, само тој еден збор меѓутоа, во себе содржи низа од поими меѓу кои и гореспоменатите. Но кога ќе се спомене сложенката „зелени вредности“, поимот се однесуваат на екологија и на се што е поврзано со неа. Но и на нешто многу пошироко како културата на пример. Културата на живеење, на однесување спрема околината и природата, спрема улицата и корпата за отпадоци, спрема шумите и грижата за нив. И секако, во широка смисла на зборот, и на општеството и  на државата.

Токму последново и токму во  рамките на спомнатите „зелени вредности“ практично ќе биде предмет на авторска опсервација во редовите подолу.

Кога пред неколку години дојде за премиер, Зоран Заев изненади со промоција на платформата „едно општество“ за сите. Наспроти етнизацијата и етно колективизмот втемелен и во уставот на државата, платформата „едно општество“ за сите понуди нов дизајн. Радикален во очите на етнољубивците па и на прикриените или експонираните националисти. Секако, патот до констатацијата, до формата едно општество за сите, е и долг и макотрпен. Стравот во било која ментална форма да се напушти етничкото „јато“ присутен. Едно општество за сите подразбира егзистенција на единката наспроти мнозинството и обратно. Мнозинството наспроти единката. И во тие релации има, и натаму ќе има и индивидуални стравови и колективни отпори.

Во едно општество за сите, наспроти граѓаните, загрозеност од губење на  влијанието на теренот, на својот етнички или партиски терен, сеедно, реално отпори ќе пружаат разно разни центри на влијание, а докажано, посебно партиските водства. Наспроти прокламациите за еднаквост, рамноправност, солидарност, наспроти декларативните заложби  за општество  за сите, за заедница на еднакви и рамноправни граѓани, отпорите, напати прикриено, напати јавно, и натаму ќе бидат полето за отпори спрема цивилизациските вредности. И за општествената структура без предрасуди по било која културолошка различност на секоја единка одделно и на секој  колективитет во  него.

Но за да се дојде до едно општество за сите, само да се зачекори на тој пат, на патот кон таа цел, секако најмалку е доволна политичката, граѓанската и било каква друга волја, ентузијазам, посветеност. Потребни се институции. Нужни се институции, нужна е држава. Држава еднаква за сите. Само  со  држава еднаква за сите е можно општество  еднакво за сите. Само со еднаквост на граѓаните без оглед на нивниот, пред се, социјален статус, е можно општество за сите, а таквото општество еднакво за сите може да се обезбеди само  со држава еднаква за сите.

За волја на вистината, младата македонска држава притисната во својата самостојност од мал милон предизвици и минувајќи низ разни  премрежја, веќе ги има  изградено основните фундаменти и за двете цели. И за држава за сите и за општетсво за сите. Но практиката покажува дека сепак се нужни уште по некои законски, па и уставни корекции. Нашата држава денес, оваа наша мала и од бога дадена убава Републијка Северна Македонија, е институционално немоќна. Башка кономски сиромашна, партизирана, коруптивна, клиентелизирана. Во околности во кои  сe`е подредено на партиските битки за или да се биде на власт или воопшто да не се биде, место има, но простор доволно нема, за едно општетсво за сите.  Се задушуваме во нееднаквости во сите сегменити и на сите нивоа. Од општинскиот шалтер до врвните судски институции. Нееднаквоста е мрачната стварност на општетсвото, а државата е се уште привилегија за привилегираните.

Затоа, за да се добие војната за едно општетсво за сите, нужно е битките да се добиваат и на фронтот за една држава за сите. Таа подразбира држава еднаква  за сите.

Во таа насока е важна организирана политичка волја на партиските субјекти и индивидуална на носителите на сите државни и јавни функции од најниските скалила до врвот на државата. Создавање праведни институции, агилна и достапна администрација посветена на потребата на граѓанинот. Систем на институционални кои ќе ги рефлектираат европските вредности. Ете, во едни вакви околност кои се и можни и остварливи, во околности на една држава за сите, е можно и посакуваното едно општетсво за сите.

Но за до новиот европски терен на Северна Македонија ѝ треба уште по некоја уставна глазура. Уште по некоја храбра дефиниција без национални комплекси. Дополнителна формула која, кај и да е, неминовно ќе треба да се вбризга во македонскиот политички систем како целосно елиминирање на етничката мајоризација евидентна во сегашниот модел за избор на претседател на државата, на пример. И досега сликовито се покажа декаа во сѐ уште етнички оптовареното општество, и покрај повремените изборни демократски сигнали дека се можни изборни гласови независно од етничката припадност на кандидатите и на избирачите, далеку сме од состојбата етничките да бидат потиснати од граѓанските изборни релации. Од тие причини не е за игнорирање нужноста, напоредно со иницијативите за градење општеството за сите, тоа да се трансформира и во институционализирање на држава за сите. Попрецизно, во македонскиот политички систем да се вградат уште два, три дополнителни механизми кои ќе елиминираат каква било форма на етничка надмоќ во кои било изборни или неизборни околности, сеедно.

На нашиот државен поредок му треба уште по некоја граѓанска тула. Уште по некоја уставна глазура. Уште по некоја храбра дефиниција без национални комплекси. Институционално решение кое ќе гарантира еднаква, етнички неконфликтна и стабилна македонска држава. И која ќе гарантира заедница на еднакви граѓани.

И која ќе обезбедува амбиент на најзеленото од зелените вредности – едно општетсво за сите.

 


Содржината е достапна и на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ