Дваесет и тројца наставници кои до крајот на минатата година снимиле најмногу видеа и изработиле најмногу активности за игра во домашни услови се избрани за ЕДУИНО-амбасадори. Платформата за дигитални образовни содржини ЕДУИНО настана во март минатата година, како одговор на пандемијата и решение за учење на далечина.
За ЕДУИНО-амбасадори се избрани наставниците: Зорица Адамчевска, Жарко Алексовски, Шемсие Ајдари, Насер Адили, Љазиме Амети, Светлана Бобевска, Мирадие Бајрами, Марија Богатиновска, Фатиме Беџети-Дурмиши, Валентина Гаврилоска, Ќемалједин Емини, Рамиз Иљази, Марија Мостро, Исак Османи, Зорица Пармачка-Велински, Весна Пупучовска, Симона Ташева, Елена Ташева, Елена Тодоровска, Соња Трифуновска, Незир Таири, Горан Цветкоски и Александар Цветкоски.
Иницијативата за ЕДУИНО-амбасадори е поддржана од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, како и од други јавни институции, со цел јавно да се пофалат најпосветените наставници и нивниот придонес во афирмирањето на платформата eduino.gov.mk.