Европската комисија се воздржува од коментар за најавата на премиерот Зоран Заев дека поднесува оставка, поради резултатите на локалните избори. Одтаму кусо прокоментираа дека земјата „треба да продолжи со реформите за ЕУ“, без повеќе детали.
Што се однесува до самите избори, Европската комисија смета дека врз основа на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР изборите биле конкурентни и дека се почитувале темелните слободи. Изборната администрација е пофалена за справувањето се „некои административни недостатоци од првиот круг“.
– Сепак негативната реторика и наводите дека имало притисоци врз гласачите и кандидатите продолжија да влијаат врз изборите, рече портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро во изјави за МИА.












