• Latest
Фото: МИА архива

ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина

November 11, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина

November 11, 2024 14:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници.

Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен.

Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право.

Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии.

-Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот.

Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката.

-Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој.

Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат.

-Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет, пренесе МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ