• Latest

ЕК: Северна Македонија бавно ја спроведува Стратегијата за образование, напредок има во средното стручно образование

October 24, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ЕК: Северна Македонија бавно ја спроведува Стратегијата за образование, напредок има во средното стручно образование

October 24, 2022 09:48
in БРЗА ПОШТА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на образованието, констатира Европската комисија во Годишниот извештај за напредокот на земјава. Постигнат е ограничен напредок во периодот за кој се однесува извештајот при што се има предвид и влијанието на пандемијата со КОВИД-19. ЕК нотира дека бавно се спроведува Стратегијата за образование 2018-2025 и развојот на соодветен систем за следење.

Остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај затоа што се делумно исполнети. Наредната година државава, според препораките во Поглавјето 26 од Извештајот, треба особено да се насочи на усвојување на Законот за стручно образование и обука (СОО) и на воспоставување и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука, да го финализира и усвои Законот за образование на возрасни. Треба да го подобрува  пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попречености и децата Роми, со зголемување на уписот во предучилишно образование, а исто така и да ја подобрува поддршката за обука и професионален развој на наставниците, пренесува МИА.

Бележи дека со Законот за основно образование, кој почна да се применува во учебната 2019-2020 година, обезбедена е основа за инклузивно и квалитетно образование и дека од минатата учебна 2021-2022, согласно новата Концепција за основно образование, изготвени се нови наставни програми за учениците од првите четири одделенија и сe спроведени значителен број обуки на наставниците за овие програми.

Според извештајот, постигнат е напредок во зајакнувањето на стручно образование и обука зашто стапката на учество на учениците во овој вид образование е во постојан пораст: 64 отсто во 2021 година наспроти 62,1 отсто во 2020 и 61,8 отсто во 2019 година. Посочува и на спроведената кампања „Учи паметно, работи стручно“ за промовирање на стручното образование во земјава и дека се отворени речиси 100 дуални паралелки со кои се зголемува  бројот практиканти во приватни компании.

Но, ЕК укажува дека сè уште не е усвоен новиот закон за стручно образование и обука кој го нагласува учењето базирано на работа и улогата на регионалните центри за стручно образование и обука кои ќе бидат основани низ целата земја. Тие треба да обезбедат специфични обуки насочени кон потребите на локалниот пазар на трудот во координација со бизнис-заедницата. Извештајот укажува дека наставните програми за стручна обука се во ревизија од 2019 година за да се приспособат на потребите на пазарот на трудот, а модернизацијата на трите центри за стручно образование и обука е попречена од бавното усвојување на неопходниот закон од страна на Парламентот.

ЕК во Извештајот нотира дека во 2021 година јавните трошоци за образование и обука се незначително зголемени на 3,76 отсто од БДП, посочувајќи дека сѐ уште се далеку од просекот на ЕУ кој е 5 проценти.  Тоа го попречува соодветното спроведување на Стратегијата за образование 2018-2025 година. Понатаму, трошењето е многу неефикасно, главно поради застарените формули за прераспределба на средствата за јавно образование од страна на општините.

Иако е постигнат одреден напредок во предучилишното образование, целокупното ниво на запишување останува ниско. Само 45 проценти од децата на возраст од 3 до 6 години во земјава биле запишани во лиценцирани предучилишни установи во 2020-2021 година.

-Ова е мало зголемување во споредба со претходната година, се наведува во Извештајот кој, сепак, бележи дека има проширување на капацитетите за вклучување на поголем број деца во предучилишно образование и се направени напори за подобрување на неговиот квалитет.

Во однос на другите степени на образование, во учебната 2020-2021 година биле запишани вкупно 71 811 ученици во основно и во средно.

Бројот на запишани студенти во прва година на студии опаѓа во последните три години, но во истиот период за шест отсто (од 46 на 52 отсто) е зголемен процентот на студенти Роми запишани во високообразовните институции.

ЕК посочува дека напредокот во реформирањето на наставните програми за образование и намалувањето на неусогласеноста на вештините е попречен од недостигот на финансии и капацитет.

-Иако Северна Македонија напредуваше многу добро во однос на бројот на луѓе со високо образование, наставните програми не се добро прилагодени да ги опремат дипломираните студенти со потребните вештини за да одговараат на побарувачката на работна сила. Државната финансиска поддршка за образованието е недоволна, а координацијата меѓу образовниот сектор и бизнисите е слаба, се наведува во Извештајот.

Генерално ниска останува и иновациската активност. Со 0,4 отсто од БДП, вклучително и мал дел од приватниот сектор, расходите на економијата за истражување и иновации не се зголемени во последните години и остануваат значително под просекот на ЕУ.

Нотирано е и дека Северна Македонија, како програмска земја, продолжува активно да учествува во образовната програма на ЕУ – Еразмус+ и во Европскиот корпус на солидарност. На повикот за 2021 година биле доделени грантови за 118 проекти, вклучително и 22 во областа Млади.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ