• Latest
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

ЕК усвои Акциски план за трансформација на Европа во континент на вештачката интелигенција

April 9, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК усвои Акциски план за трансформација на Европа во континент на вештачката интелигенција

April 9, 2025 13:12
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТЕХНОЛОГИИ
Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

Фотографија: Драган Мишев/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Вештачката интелигенција е од суштинска важност во напорите за изградба на поконкурентна, безбедна и технолошки суверена на Европа, па од тие парични Европската комисија денеска усвои Акциски план за континент на вештачката интелигенција, соопшти извршната потпретседателка на ЕК за технички суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен.

– Глобалната трка за вештачката интелигенција е далеку од завршена. Сега е време да се дејствува. Овој Акциски план ги истакнува клучните области каде што треба да се интензивираат напорите за да се направи Европа водечки континент за вештачката интелигенција, нагласи Виркунен на прес-конференција на која го промовираше усвоениот Акциски план.

Виркунен посочи дека Европската комисија работи на креирање на иднина каде што технолошките иновации ќе ги придвижат индустријата и јавните услуги, носејќи конкретни придобивки за граѓани и бизниси на ЕУ, преку создавање на „доверлива вештачка интелигенција“. – Тоа ќе значи посилна економија, иновации во здравството, нови работни места, зголемена продуктивност, подобар транспорт и образование, посилна заштита од кибер закани и поддршка во справувањето со климатските промени, додаде Виркунен.

Целта на оваа амбициозна иницијатива е Европа да стане глобален лидер во вештачката интелигенција, преку трансформација на традиционални европски индустрии и на исклучителниот европски фонд на таленти во моќни двигатели на иновации и за забрзување на користењето на вештачката интелигенција.

Се очекува овој Акциски план да ги зајакне капацитетите на ЕУ за креирање на иновативна вештачка интелигенција преку активности и политики насочени кон изградба на големи центри на податоци и компјутерска инфраструктура, зајакнувањето на иновативните проекти со вештачка интелигенција, развој на алгоритми и поттикнување на нејзиното користење во стратешките сектори, зголемување на вештините за примена на вештачката интелигенција и преку регулаторно поедноставување.

Со денешното усвојување на Акцискиот план, Европската комисија го започнува процесот на јавни консултации со сите заинтересирани страни за Законот за развој на облак и вештачка интелигенција и за идентификување на приоритетите за примена на вештачка интелигенција и на предизвиците поврзани со неа.

Консултациите ќе траат до 4 јуни годинава и заклучоците од нив ќе се искористат за понатамошно обликување на иницијативи поврзани со Акцискиот план за континент на вештачката интелигенција.

За во мај е предвиден старт и на трета јавна консултација за Стратегијата на ЕУ за податоци, а паралелно Европската комисија ќе организира и дијалози со претставниците на индустријата и јавниот сектор за обликувањето на Стратегијата за примена на вештачката интелигенција.

– Овие дијалози, заедно со јавните консултации, ќе идентификуваат релевантни примери на неискористен потенцијал во усвојувањето на технологии со вештачка интелигенција во одредени сектори, нивната интеграција во деловните и производствените процеси и можностите за нивна поголема примена во рамките на овие сектори и пошироката економија, посочи ЕК.

Европскиот Закон за вештачка интелигенција стапи во сила лани на 1 август, а на 4 февруари годинава ЕК објави Упатства за забранети практики поврзани со вештачката интелигенција. Кон крајот на јануари започна и примената на пакетот мерки за поддршка на европските старт-апи и мали и средни претпријатија во развојот на доверлива вештачка интелигенција.

ЕК досега избра седум конзорциуми кои работат на формирање на „фабрики за вештачка интелигенција“, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ