• Latest
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

Економски експерти за Цивил Медиа: „Плата во плико“ значи избегнување на придонесите за социјално и пензиско осигурување и понизок животен стандард во пензионерските денови

September 24, 2024
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

August 25, 2025

Пропадна уште едена обид за конституирање на Собранието на Косово

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Економски експерти за Цивил Медиа: „Плата во плико“ значи избегнување на придонесите за социјално и пензиско осигурување и понизок животен стандард во пензионерските денови

September 24, 2024 13:53
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во неодамнешните изјави, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, предупреди дека практиката на исплата на плата „во плик“ продолжува да биде значителен проблем во земјата, со оглед на тоа што, според информациите со кои тој располага, околу 25.000 работници се платени на овој начин.

Оваа ситуација, според него, директно го оштетува државниот буџет за сума до 250 милиони евра годишно, што значително придонесува кон развојот на сивата економија и избегнување на даночните обврски.

Ова за жал не е единствениот начин работодавците да ја „изиграат“ државата и дополнително да заработат на грбот на работниците. Тука се и враќањето одредена сума во кеш на работодавачот по исплатениот личен доход на трансакциска сметка, манипулациите што се прават при исплатата на К-15, а во оптек се и други начини.

ЦивилМедиа им постави прашање на неколку универзитетски професори и експерти од областа на економијата за тоа колку ваквата појава, освен по буџетот на државата е опасна и за самите работници, како да се заштитат самите тие, и како поефикасно да се заштити државата?

Д-р Билјана Ташевска, вонреден професор

Д-р Билјана Ташевска, вонреден професор на Економски факултет – Скопје во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ смета дека оваа практика секако не е во полза на работниците, иако понекогаш тие не се докрај свесни за последиците. Работодавачите на тој начин заштедуваат, односно исплаќаат помал износ на даноци и социјални придонеси за вработените.

Исплатата на целата или дел од платата во готовина, или како што се нарекува „плата во плико“, значи дека на основа на таа плата (или дел од платата) не се исплатени даноци и социјални придонеси за работниците, што го намалува обемот на нивното социјално и пензиско осигурување. Тоа има последица и на подолг рок, односно при пензионирање на работниците, пресметката на износот на пензија ќе се врши врз база на помала основица (платата која формално ја добивал работникот), што ќе значи понизок животен стандард по завршување на работниот век, т.е. во пензионерските денови, вели професорката Ташевска.

Дополнително, таа посочува дека на овој начин се намалува кредитната способност на работниците, бидејќи таа се утврдува според формалниот доход кој го прима работникот. Ваквиот „систем“ на плаќање може да влијае и врз намалување на мотивите за работа на работниците, односно нивната посветеност на работните задачи и да ја намали нивната продуктивност.

Неформалните работници, пак, кои воопшто не се формално пријавени како вработени во формалниот, или пак се ангажирани во неформалниот сектор, не се социјално и пензиско осигурени, значи не им тече работен стаж кој се зема предвид при заминување во пензија, ниту пак ќе бидат квалификувани за добивање надоместок за невработеност, доколку добијат отказ од работа. Исто така не се заштитени со Законот за работни односи и не можат да ги остварат своите работнички права при евентуални спорови со работодавачот. Овие работници се дел од најранливите категории во услови на криза и беа едни од најзагрозените граѓани во кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 по воведување на рестриктивните мерки, истакна Ташевска.

Според неа, генерално најзасегнати од исплата на плата во готовина се работниците со низок доход, особено примателите на минимална плата, како и неформалните работници. Износот на минималната плата го одредува минималниот трошок на работодавачите за бруто плата по работник, како и нето-платата која се исплаќа на трансакциска сметка на работникот, па оттука некои работодавачи прибегнуваат и кон обврзување  на работникот дел од платата да ја врати на работодавачот.

Сепак, треба да се има предвид дека исплатата на плата во готовина се врши врз основа на устен (неформален) договор помеѓу работодавачот и работникот. Оттука, за да се влече некаква констатација важно е да се знае и под кои услови работникот се согласил на таков договор. На пример, дали работникот имал притисок од работодавачот за прифаќање на таквиот начин на примање плата како единствена опција за добивање или задржување на работното место, или пак доброволно се согласил со работодавачот поради високи/зголемени вкупни трошоци на работодавачот за бруто плата, дел од платата да ја зема на рака со што би се намалил вкупниот трошок на работодавачот и може да се задржи истото или да се зголеми нивото на нето-плата.

Одредени истражувања покажуваат дека работниците се повеќе склони да прифатат ваков тип на договор доколку не станува збор за основната плата, туку исплата на пример врз основа на дополнителен или хонорарен ангажман. Исто така, доколку работодавачите (но и работниците) гледаат дека и други практикуваат плаќање на дел од платата на рака, а поминуваат неказниво, стануваат похрабри да го применат истото.

Овој проблем е доста комплексен, особено во општество во кое значителен дел од работниците имаат ниски примања, во кое е прилично голема застапеноста на сивата (неформална) економија. За да се намали овој проблем особено се важни добрата законска регулатива и силни и кредибилни институции. Треба да се работи на зајакнување на капацитетите на инспекциските служби, на зголемување на даночниот морал (за што е особено важно зголемувањето на довербата на граѓаните во државата и институциите), како и на едукација на граѓаните за нивните работнички права, за можните механизми за пријавување и други мерки кои можат да ги преземат (тука своја улога имаат синдикатите, Државниот инспекторат за труд  итн.), заклучува професорката на економскиот факултет, Билјана Ташевска

М-р Кристијан Кожески, асистент докторант

Нејзиниот колега од економскиотфакултат, М-р Кристијан Кожески, асистент докторант , во одговор на прашањата на ЦивилМедиа, истакна дека иако не располагаме со официјални податоци за исплата на дел од плата на работниците во готово или народски кажано „во кеш“, којашто се прави со цел избегнување на трошоците за придонеси за социјално и пензиско осигурување, евидентно е дека таа практика постои, впрочем претставува појава во скоро сите земји во развој, оттука и македонската економија не претставува исклучок, вели

Со оглед на специфичноста на ваквата појава, јас би бил особено внимателен при „лоцирањето на главните виновници“ за исплата на платата во плико.  Исплатата на плата во плико се прави со устен договор помеѓу работодавачите и работниците, што значи дека на истата се согласиле двете договорни страни. Оттука, работникот и работодавачот се согласиле дел од платата да биде исплатена во кеш, а верувам дека двете страни имале информации дека се работи со целосно незаконска дејност. Оттука, доколку сакаме да ја  анализираме појавата на т.н. исплата на плата во плико, мора да ги увидиме и анализираме главните причини коишто придонеле за истата. Според мене, платата во плико, претставува последица, односно „симптом“ на целокупните карактеристики на пазарот на трудот во Македонија, како и на потребата од дополнителни мерки и политики на пазарот на трудот, смета Кожески.

Доколку се погледнат карактеристиките на македонскиот пазар на труд, особено доколку се направи краток осврт на структурата на вработеноста односно значајното учество на вработени коишто примаат минимална плата, како и значителната застапеност на работниците на неформалниот пазар на труд треба да се напомене дека оваа категорија на работници е најзасегната со исплата на дел од платата во плико.

Согласно достапните податоци за 2022 година, околу 35% од работниците примале месечна нето плата не повисока од 22,000 денари, што упатува на фактот дека во структурата на вкупната вработеност значителен дел од работниците се околу нивото на законската минимална плата. Дополнително, околу 10% од работниците се неформално вработени, што упатува на значително учество на работниците на неформалниот пазар на труд, каде што плата се добива делумно или целосно во кеш. Овие категории на работници се меѓу најзастапените работници коишто примаат дел од платата во плико, посочи професорот.

Оттука неминовно е дополнување на мерките и политиките на пазарот на трудот коишто треба да доведат до намалување на ваквата појава на среден и долг рок. При креирањето на мерките треба да се има предвид дека работниците коишто примаат минимална плата се најмногу засегнати од ваквата појава, исто како и работниците во неформалната економија. Оттука, како дел од мерките коишто треба да имаат среднорочен ефект треба да бидат во насока на субвенционирање на дел од придонесите на најниско-платените работници, даночни ослободувања за вработените во одделни сектори и дејности каде што нивото на платата е пониско од националниот просек. Дополнително, унапредување на степенот на дигитализација со цел подобрување на ефикасноста и соработката помеѓу надлежните институции УЈП, агенција за вработување и останатите надлежни институции со цел зголемена транспарентност но и ефикасност при спроведувањето на мерките и политиките, заклучува на крајот професорот Кожески.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ