По вчерашното апсење на троседот, двоседот и фотелјата на Катица Јанева, нашата редакција од блиски извори на затворот за мебел дознава дека гарнитурата на Јанева е сместена во специјалниот оддел „Рекет академија“.
На гарнитурата и е определен неограничен притвор, за разлика од 30 дневниот притвор на обвинителката, со можност за вселување во домот на некој друг обвинител по завршувањето на истрагата.
Директорот на затворот за мебел, за нашата редакција изјави дека ова одделение ги има најдобрите услови во целата Тапетарско поправна установа.
„Се додека гарнитурата на Јанева се наоѓа во нашата установа, јас лично гарантирам за нејзината безбедност и удобност“, изјави Тапетар Бошко.
Ќорка Декор
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.