Независна комисија на Обединетите нации во вторник соопшти дека израелските напади врз училишта, верски и културни места во Газа претставуваат воени злосторства и злосторство против човештвото, односно обид за истребување на Палестинците, јавува Ројтерс.
„Израел го уништи образовниот систем во Газа и уништи повеќе од половина од сите верски и културни места во Појасот Газа“, се вели во извештајот на Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на окупираната палестинска територија.
Таа ги обвини израелските сили за извршување „воени злосторства, вклучително и насочување напади врз цивили и намерно убивање, во нивните напади врз образовни објекти што предизвикаа цивилни жртви.
„Со убивањето цивили кои се засолнуваа во училишта и верски објекти, израелските безбедносни сили извршија злосторство против човештвото – истребување“, се вели во извештајот, пишува Ројтерс.
Во него се забележува: „Иако уништувањето на културниот имот, вклучително и образовните објекти, само по себе не беше геноциден чин, доказите за таквото однесување сепак можат да указат на геноцидна намера за уништување на заштитена група“.