• Latest
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Очекувано од еден политички радикал: Новоизбраниот полски претседател Карол Навроцки е против влезот на Украина во ЕУ

June 10, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Очекувано од еден политички радикал: Новоизбраниот полски претседател Карол Навроцки е против влезот на Украина во ЕУ

June 10, 2025 15:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Фото: Скриншот од видео на ВВС

Share on FacebookShare on Twitter

„Во моментов, јас сум против влезот на Украина во Европската Унија“, изјави новоизбраниот полски претседател Карол Навроцки за унгарскиот медиум „Мандинер“ во интервју објавено на 7 јуни, пренесува Кијив Индипендент.

Сосема очекувано од еден политички радикал, познат по практицирањето на „трамповски“ стил на политика, кој противењето на влезон на Украина во ЕУ и НАТО го втемели во својот предизборен настап, и не случајно, спротивставувањето на проевропскиот пат на Кијив го искажа во интервју за унгарски медиум.

Иако, за разлика од другите евроскептични лидери во Европа, вклучувајќи го словачкиот премиер Роберт Фицо и унгарскиот премиер Виктор Орбан, Навроцки не изразува проруски ставови, тој постојано го обвинува претседателот Володимир Зеленски дека ги искористува сојузниците.

„Од една страна, мора да ја поддржиме Украина во нејзиниот конфликт со Руската Федерација, но Украина мора да разбере дека и другите земји, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и други европски земји, исто така имаат свои интереси“, рече тој.

Навроцки победи во вториот круг од полските претседателски избори на 1 јуни со 50,89% од гласовите. Тој претходно изрази противење на членството на Украина во ЕУ и НАТО, и покрај тоа што го поддржува суверенитетот на Украина.

„Полска има таков интерес, на пример, за ексхумација на жртвите од Волин (масакрот)“, потенцира Навроцки, иако полските и украинските истражувачи веќе започнаа со ексхумација на жртвите од масакрите од Втората светска војна на 24 април во Западна Украина, што беше прва ваква ексхумација од 2017 година, кога Украина воведе мораториум како одговор на уништувањето на спомениците на Украинската бунтовничка армија (УПА) во Полска.

„За време на кампањата, не се согласив, и како претседател, нема да се согласам, со нелојална конкуренција со Украина за полското земјоделство или логистичкиот сектор“, рече Навроцки.

Царините на ЕУ за украинскиот извоз на земјоделски производи беа обновени на 6 јуни, поради противењето на украинскиот извоз и неговото пристапување кон ЕУ од источноевропските членки, вклучувајќи ги Унгарија и Полска.

„Ја гледам Украина како земја која, иако многу храбро се брани од Руската Федерација, мора да ги почитува и интересите на другите земји кои инаку ја поддржуваат Украина“, рече тој.

Иако Полска има парламентарен систем во кој овластувањата на претседателот се во голема мера церемонијални, полскиот претседател, сè уште може да стави вето на законите предложени од парламентот.

Покрај тоа, претседателот игра клучна улога во надворешните работи и служи како врховен командант на вооружените сили. Полските претседатели историски биле особено активни во обликувањето на источната политика.

Се чини дека Европа, во новиот полски претседател доби уште една закана за единството на Унијата и кочничар на демократските процеси.

Д. Мишев

 

 

Tags: ЕУполитички радикалПолскапретседател Карол НавроцкиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ