• Latest

Експертска влада – од Хобити и Хулигани до Вулкани

August 5, 2019
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Експертска влада – од Хобити и Хулигани до Вулкани

Страшното е што и на страната на политичарите и владејачите има големо незнаење. Ние, луѓето, во повеќето ситуации сме свесни дека на оние што не знаат не треба да им дозволиме да одлучуваат. Би се согласиле ли, на пример, на немедицински лица да им дозволите да донесат медицинска одлука? Секако дека не. За жал, сме дозволиле со нашата држава да владеат луѓе кои немаат способност и знаење да носат важни одлуки. Сме дозволиле со нас да владеат Хобитите и Хулиганите. А не Вулканите.

August 5, 2019 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ТАРАВАРИ

Професорот по клиничка психологија на Универзитетот во Торонто Џордан Питерсон добро објаснува кога вели дека идеологиите се супститут за вистинското знаење и се секогаш опасни кога им се дава моќ. Идеологот е хипер-расудувач и цензор, секогаш знае што е добро, а што погрешно за другите и што да стори околу тоа.

Нема ништо чудно во навиката некој да нѐ води, да ни го покажува патот, па и да ни суди. Како лекар – невролог секојдневно го анализирам тоа. Но, она што сигурно не ни треба е пристапот „знам сѐ“. Не одговара на комплексноста на нашата реалност. Ниту ни одговараат таквите идеолози, политичари и владејачи, ниту, пак, навиката да ги прифаќаме нештата такви какви што се.

Една (не)изненадувачка појава во претходниот, Грујовиот, режим беше тоа што и кога се откриваа безбројните скандали и афери на владејачите, народот сѐ уште остануваше верен поддржувач. На истиот тој режим. Но, беше јасно како бел ден, казната, порано или покасно, мораше да следува. Ни требаше подолго време, ама се обидовме тој систем да го урнеме од темел. На народот му дојде преку глава. Ама има нешто што сега ме плаши многу повеќе, а тоа е што дозволивме во темелите на новиот систем да останат девијантни и порозни елементи кои полека, но сигурно, го рушат и новиот конструкт. Група ништожници, „Недопирливите“, кои знаат дека, што и да прават, никој ништо не им може. А сите убаво знаеме дека добра куќа не се гради на лош темел.

Политичкиот филозоф Џејсон Бренан, во своето дело „Против демократијата“, луѓето ги дели на три категории, кои креативно ги етикетира како „Хобити“, „Хулигани“ и „Вулкани“. Хобитите имаат малку или никаков интерес во политиката, а нивното познавање на политичките состојби е многу мало. Хулиганите знаат нешто повеќе од Хобитите. Ама, пак, тие се многу пристрасни во проценката на информациите, со тенденција да ги отфрлат аргументите што не им одговараат. Вулканите, пак, ги одликуваат пошироки познавања, софистицирана аналитичност и голема отвореност. Тие не дозволуваат емоциите и пристрасноста да го задушат нивното мислење. За жал, најголем дел од мнозинството е комбинација на Хобити и Хулигани. Недостига базично политичко знаење, а нештата се анализираат на многу пристрасен начин. Корените на многу проблеми се игнорантноста и незнаењето. Овие две работи прават луѓето да бидат подложни на манипулации од бескрупулозни политичари и девијантни идеолози.

Страшното е што и на страната на политичарите и владејачите има големо незнаење. Ние, луѓето, во повеќето ситуации сме свесни дека на оние што не знаат не треба да им дозволиме да одлучуваат. Би се согласиле ли, на пример, на немедицински лица да им дозволите да донесат медицинска одлука? Секако дека не. За жал, сме дозволиле со нашата држава да владеат луѓе кои немаат способност и знаење да носат важни одлуки. Сме дозволиле со нас да владеат Хобитите и Хулиганите. А не Вулканите.

Знам, презаситени сме од тоа да зборуваме за проблемите. Ајде, да зборуваме за нештата што можат да ни помогнат да се извлечеме од амбиентот кој полека, но сигурно нѐ води кон амбисот.

Повеќепати ја споменувам идејата за формирање експертска влада или кабинет на експерти. Поимот го употребувам за да укажам на потребата од итно формирање неполитичко тело кое ќе нѐ извлече од нефункционалниот партиско – политички систем кој драматично забележува неуспеси и нѐ турка кон дното. Да создадеме влада на упатените, компетентните и политички најинформираните.

Како би изгледало тоа? Експертска влада со мандат од една година, тим на поединци неповрзани со политичките актери, луѓе со специјализирано знаење што им дава авторитет и моќ да ги дефинираат насоките за вистинските реформи. Луѓе кои, врз основа на принципите на вистинитост, знаење и рационалност, ќе работат на изнаоѓање решение за горливите проблеми во државата. Ако овие луѓе знаат повеќе од другите, зошто тогаш да не им се даде моќ и власт?

Редно е со државата да управуваат луѓе со креативна интелигенција и емпатија, некои кои сериозно и отворено ќе се заложат за решавање на проблемите на општеството. Кабинет со експерти кои ќе имаат задача да ја стабилизираат состојбата, пред да се одржат нови избори. Некои кои ќе постават приоритети околу важните чекори и одлуки. Експерти, академици, мислители, научници кои себеси се гледаат не само како интелектуална, туку и како потенцијална политичка елита. Луѓе кои на народот ќе му овозможат не само да процени кому ќе му верува, туку и самиот да може да анализира и одлучува околу одредени прашања.

Сегашниот систем не е она што треба да бидеме. Ова е само систем на владеење кој сме го изградиле, но како што сме го направиле тоа, така можеме и да го замениме. Па, зошто тогаш да не го замениме со нешто подобро? Зошто, наместо да владее криминалот, корупцијата, незнаењето и заткулисните игри, да не владее правилото на ЗНАЈНИТЕ? Ние сме тие кои што ќе живееме со последиците од тоа што го правиме. Наместо да живееме со грешките, да живееме и да работиме на идејата да ги отстраниме. Во меѓувреме, сигурен сум дека научивме една лекција: премногу е ризично да им се даде моќта на луѓе кои не знаат што прават.

Мораме да се договориме каков ќе биде нашиот одговор на политичките проблеми.

Не се решија што не се решија многу проблеми, но барем да ги изложиме на окото на јавноста оние што сметале дека го знаат најдоброто, а го докажале спротивното. За да се извлечеме од калта на лошите идеологии. Сега кога веќе знаеме каква ни е ситуацијата, многу е важно да работиме на тоа да се избегне најлошото.

И тука некаде, на крај, се присетувам на зборовите на Сократ „Тајната на промената е целата енергија да ја фокусираме на градењето на новото, а не на борба со старото“.

 


РЕДАКЦИСКИ ПРИЛОГ

Авторот, д-р Арбен Таравари, е градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците. По професија е невролог со долгогодишно искуство во Универзитетската клиника за неврологија Скопје, а од 2010 година е редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Неодамна, ЦИВИЛ Медиа објави обемно видео интервју со д-р Арбен Таравари во два дела: 

1. дел

Таравари: Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…

 

2. дел

Таравари: Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share141Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ