• Latest

Таравари: Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…

July 29, 2019

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Таравари: Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…

Во вториот дел од интервјуто на ЦИВИЛ Медиа со д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, разговараме понатаму за политичките состојби со уште повеќе детали и уште поостри перцепции на општествено политичките состојби. Со нашиот соговорник разговаравме и за Преспанскиот процес, бомбите на Ел Чека, владината стратегија „Едно општество за сите“, транспарентноста на општината, меѓуетничките односи, како и за неговите лични амбиции да престане да се занимава со политика и да се врати на професијата како невролог...

July 29, 2019 08:36
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Таравари отворено говори за причините зошто не ѝ верува на владата на Зоран Заев, за аферата „Рекет“, како и за одговорноста на ДУИ поврзана со владеењето на правото. Притоа, тој во детали ја сподели сторијата за безрезервната поддршка на Алијансата за СДСМ, како единствена можна опција, по парламентарните избори во 2016 година, бидејќи, како што вели: „Режимот мораше да падне!“ За разлика од нив, Али Ахмети предолго размислувал околу опциите за коалицирање меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, потсетува Таравари, иронизирајќи со неговите „пет опции“. Десет месеци подоцна, за време на локалните избори во 2017 година, СДСМ ѝ возврати сосема поинаку на Алијансата – го поддржа ДУИ, за сметка на Алијансата.

„Да беа добри кандидатите на ДУИ, немаше да биде проблем, но тоа се луѓе за кои постојат индиции дека се вмешани во криминал!“ – вели Таравари. ДУИ ги смета за најодговорни за уривањето на кредибилитетот на владата: „Половина од режимот е во состав на владата!“

Тој инсистира дека составување на експертска влада е единствениот излез од ситуацијата во која кредибилитетот на владата е целосно нарушен. Сепак, ја издвојува министерката Мила Царовска како модел за одговорно и успешно водење на еден владин ресор. Во првиот дел од интервјуто, тој го издвои и Тевдовски како одличен министер за финансии, кој, според него, не требало да биде сменет.

Совпаѓањето на барањата на Алијансата за предвремени парламентарни со оние на ВМРО-ДПМНЕ е случајно. Нема комуникација меѓу Алијансата и ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво. По сето искуство со СДСМ, Таравари не ја исклучува можноста од постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата што стои зад Стратегијата „Едно општество за сите“ е перфектна. Но, тоа што новоформираното министерство во чии ингеренции е спроведувањето на Стратегијата му е доделено на „најспособниот министер“ на ДУИ говори за тоа дека владата не е сериозна во намерите да ја спроведе. За разлика од тоа, без и да напише таква стратегија, општина Гостивар веќе ја живее таа стратегија.

Наспроти сѐ, Таравари не испушта да каже дека го почитува Зоран Заев и неговите значајни постигнувања во договорите со Грција и Бугарија, велејќи дека премиерот ќе остане запаметен по своите големи потези, без кои не ќе беше можно да се напредува.

Имајќи предвид дека во Алијансата за Албанците се зачленуваат и Македонци, Турци и Роми, го прашавме Таравари дали можеби се размислува за ребрендирање на партијата. „Зошто да не? Можеби не сега, но може да се размислува и за тоа“ – одговори Таравари.

Не сака да се кандидира за нов мандат, ниту како градоначалник, ниту како генсек на партијата. Најдобро се чувствува како доктор на клиниката со пациентите и студентите. Сепак, кажа дека го советуваат никогаш да не вели „не“ во политиката…

Редакцијата препорачува неизоставно целосно да се проследат и првиот и вториот дел од интервјуто со д-р Таравари.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камера и монтажа: Ариан Мехмети


Таравари (1. дел): Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…

Таравари: Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share182TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ