• Latest

Таравари: Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…

July 27, 2019
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026

🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

April 12, 2026

95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

April 12, 2026

Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

April 12, 2026

Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

April 12, 2026

Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    Унгарија пред затворање на гласачките места: Рекордна излезност и неизвесна трка

    Велика Британија обучувала воени кадри од 14 држави од сопствената листа на ризични по човековите права

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

    Илустрација: ВИ

    Правна битка во Брисел за македонските евроинтеграции – дали бугарскиот протокол е дел од ЕУ правото?

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Таравари: Разочарувањето е големо, реформи нема, ни треба експертска влада…

Од локалните избори наваму, Таравари е остар критичар на владата. Најголем дел од тие критики се сублимирани во ова мега интервју со него направено во неговиот градоначалнички кабинет на 23 јули... Погледнете го првиот дел од мега интервјуот со д-р Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и генсек на Алијансата за Албанците...

July 27, 2019 16:55
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат многу причини и поводи да се разговара со д-р Арбен Таравари. Тој е актуелен градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците. Пошироката јавност го запомни како Министер за здравство во владата на Зоран Заев, но на таа позиција останува само пет месеци, за да се повлече од функцијата и да се кандидира за градоначалник на Гостивар.

Луѓето сѐ уште се сеќаваат на неговата отвореност како министер и најавите за решителни реформи во една од најболните сфери. Иако од неговата оставка на функцијата министер за здравство до сега се поминати речиси две години, луѓето сѐ уште го користат хаштагот #ЗдравоТаравари што тој го воведе за да ја олесни директната комуникација со граѓан(к)ите. На локалните избори, наспроти силниот притисок, тој успеа убедливо да го победи долгогодишниот градоначалник од редовите на ДУИ, Невзат Бејта.

Тој своите размислувања и критики ги пласира секојдневно на социјалните мрежи и во честите контакти и средби со медиумите и со граѓанките и граѓаните. Неговиот кабинет секогаш е отворен за сите што сакаат да го сретнат, да му постават директно прашање, да побараат помош или совет.

Од локалните избори наваму, Таравари е остар критичар на владата. Најголем дел од тие критики се сублимирани во ова мега интервју со него направено во неговиот градоначалнички кабинет на 23 јули.

На почетокот, од Таравари побаравме да направи еден скен на македонската политичка и општествената состојба.

Говорејќи како обичен граѓанин, тој на почетокот на својот „скен“, рече: „Освен што секојдневно имаме, не по еден, туку и по два-три скандали, би рекол дека владее огромно разочарување. Ако во 2016 година сите ние, секој на свој начин, се боревме против еден режим, имавме надеж, сека ќе дојде живот, ќе има правда, ќе има мир… Денес констатираме дека надежта е убиена… Нема светло ни на крајот од тунелот…“

Говорејќи како генсек на Алијансата за Албанците, тој открива дека, иако Албанците се нивна примарна цел, ним им пристапуваат голем број припадници на другите етнички заедници, меѓу кои има и Македонци, Турци, Роми и други. Цели ограноци на други партии пристапуваат кон неговата партија. Не сакаше да открие за кои партии се работи, за да не дојде во конфликт со нив, како што кажа, но сепак, кажа дека се работи за помалите политички партии на Турците и Ромите, кои уште за време на претседателските избори работеле заедно со Алијансата.

д-р Арбен Таравари

„За 4-5 години, од мала партија, што ја понижуваа, станавме прва албанска партија“ – вели самоуверено Таравари.

„Искрено, очекувањата од СДСМ беа огромни. Кога на 1 јуни 2017 година, станав министер во новата реформската влада, јас му верував на господинот Заев. Искрено го велам тоа. Очекувањата беа огромни. Јас како индикатор го користам бројот на лекари што си заминуваат од нашата земја. На пример, во 2016 година, од Македонија заминале 180, а во 2017 година, кога се оформи владата, тој број падна на 110. Значи, се вратила надежта кај една група професионалци во Македонија. Во 2018 година таа бројка е веќе 240, а 2019, само до јуни се заминати 200 лекари од земјава…“

Таравари верува дека во овој момент, до добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, на Северна Македонија ѝ е потребна експертска влада, темелејќи го својот став на фактот дека многу малку луѓе веруваат во партиите. Нагласи дека ова не е политички став на Алијансата, туку на граѓанинот Таравари. Своето уверување го поткрепи и со фактите дека кредибилитетот на институциите и на партиите е нарушен, а како пример ги наведе и „бомбите“ на Ел Чека во кои се дознава како ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ местеле судии и обвинители.

Таравари верува дека во овој момент, до добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, на Северна Македонија ѝ е потребна експертска влада, темелејќи го својот став на фактот дека многу малку луѓе веруваат во партиите.

„Како да им се верува на луѓе што порано биле претседатели на партиски ограноци, министри, заменици министри, а сега се тие што треба да делат правда?“ – прашува Таравари.

На Таравари му поставивме директно прашање, зошто не му верува на премиерот Заев. Одговорот на Таравари беше долг и детален.

„Јас верувам дека тој како човек, поединец, можеби е океј. Можеби, тоа е хипотетично“ – одговори Таравари на самиот почеток. Потоа сподели низа детали од неговата комуникација со премиерот, споменувајќи го и отвореното писмо по локалните избори, на кое, како што кажа, премиерот реагирал емотивно.

„Ние како политичка партија, континуирано укажувавме дека не функционира владата, не функционираат повеќе министерства, нема никакви реформи… Ако одите во здравството, таму се политиките на Тодоров. Само што не е Тодоров, туку е друг човек, а советник на овој министер е Тодоров. Ако одите во образование, ете, нека ми каже еден граѓанин, кога се случило, во времето на Груевски, два пати да бидат одземени ингеренциите на еден градоначалник. Нели, господинот Заев, самиот бил градоначалник, јас не се сеќавам тој да имал толкави пречки во функционирањето. Не можам да сфатам зошто толку му пречи Алијансата за Албанците. Или, случајот на Фета Алими… Единствениот што лежи в затвор за 27 април е тој… А тие што организираа и отвораа врати, сега се кој во Будимпешта, кој на море, уживаат…“

Таравари нагласи дека Алијансата дала придонес и ги поддржала владините политики во сите значајни процеси, како што е Преспанскиот договор и други битни процеси…

„Оттаму, несфатлива е таа негативна енергија кон една политичка партија на Албанците која е преполна со интелектуалци, како ниедна до сега, а по секоја цена се попречува и блокира. На пример, општина Гостивар нема добиено ниеден проект од Владата овие две години. Парите што одат во буџетот се на граѓаните. Што е грешката на граѓаните што мислеле дека градоначалникот треба да се смени на локалните избори во 2017 година. Ние плаќаме даноци како и сите други граѓани. Тие пари треба да се вратат како инвестиции кај оние што ги плаќаат даноците…“ – вели Таравари разочарано.

Таравари го сподели своето чудење од односот на премиерот Зоран Заев, дека немале никаков конфликт, ниту како партија, ниту како поединци. Сподели дека, едно било ветувано или договарано, а веќе утредента нешто сосема обратно се случувало, дека ги трпат сите притисоци што може да се замислат. На прашањето дали можеби тие притисоци се последица на некои влијанија, Таравари вели дека тоа може да биде влијание од ДУИ, друго објаснување нема.

Според него, на претседателските избори победи Стево Пендаровски, но СДСМ, објективно, изгуби на изборите, а ВМРО-ДПМНЕ се врати во игра. Премиерот, со спектакуларно најавената метла, имаше шанса да направи промени. Но, според Таравари, не дојде до тоа. Министерот Тевдовски, според него, бил еден од најдобрите луѓе во владата, барем од искуството три и пол месеци, додека и самиот бил дел од владината екипа на Заев. Метлата била сведена на „импровизации“, како што ги нарече. Беа сменети само директорите од партијата на Весел Мемеди, додека само еден или двајца од ДУИ беа сменети.

„Ова што се случува со специјалното јавно обвинителство кое беше надеж за сите нас… Мислам дека сега оваа институција е комплетно девалвирана. Како понатаму? Најдобро за државата е да формира експертска влада, барем до добивањето на датумот за преговори за членство во ЕУ…“ – вели Таравари, и додава дека тоа не го говори како партиски функционер, туку како граѓанин.

Таравари, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа

Тој не верува дека Мицкоски и неговата партија сакаат да видат правда и дека ќе учествуваат конструктивно во донесувањето на закон за јавно обвинителство. Не верува дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври оваа година.

Подоцна во интервјуто, Таравари го сподели своето чудење од односот на премиерот Зоран Заев, дека немале никаков конфликт, ниту како партија, ниту како поединци. Сподели дека, едно било ветувано или договарано, а веќе утредента нешто сосема обратно се случувало, дека ги трпат сите притисоци што може да се замислат. На прашањето дали можеби тие притисоци се последица на некои влијанија, Таравари вели дека тоа може да биде влијание од ДУИ, друго објаснување нема.

На прашањето дали можеби смета дека треба да се сретнат со премиерот Заев, за да ги расчистат овие отворени прашања, тој одговори: „Јас инсистирам дека мора да има комуникација меѓу институциите. Не е нормално да немаме никаква комуникација со премиерот пет месеци. Јас повторно ќе се обидам да комуницирам со него, за доброто на граѓаните на Гостивар. Неодамна беа доделени 70-80 проекти за општините, ниеден за Гостивар… Ние имаме добри проекти…“

На прашањето дали во ова интервју гледа можност и да упати повик за средба со премиерот Заев за надминување на проблемите, Таравари одговори:

„Апсолутно! Јас стојам на располагање. Сепак, тој е премиер. Јас го почитувам… Тоа би било убава порака, дека ги почитува сите општини, без оглед на тоа кој е градоначалник…“

Во вториот дел од интервјуто со д-р Таравари дознајте за низа други актуелни и горливи национални и локални теми. Во вториот, подолг дел од интервјуто, дознајте за можностите од коалицирање, за политиките на владата и на опозицијата, за ДУИ, за можноста од ребрендирање на Алијансата и низа други прашања, вклучително и неговите лични планови и желби, за кои говори градоначалникот на Гостивар и генсек на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Таравари (2. дел): Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…

Таравари: Немаше друга опција освен СДСМ, Режимот мораше да падне! Но, тие возвратија поинаку…

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Tags: Алијанса за АлбанцитеАрбен ТаравариВМРО-ДПМНЕДУИЗоран Заевлокална властправдаСДСМ
Share418Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ