Високо рангиран генерал на руската армија и неговиот асистент загинаа во експлозија во Москва, објави Би-Би-Си утрово, пренесе ЦивилМедиа.
Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБХ), ја напуштал станбената зграда рано во вторникот кога уред скриен во тротинет експлодирал, соопштија руските власти.
Уредот бил детониран на далечина, изјавиле руските оперативни служби, пренесува државната новинска агенција ТАСС.
Во октомври, Обединетото Кралство воведе санкции против Кирилов, наведувајќи дека тој го надгледувал користењето хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен портпарол на кремљовската дезинформација“.