Електричните автомобили до сега се прилично воочливи на патиштата. Електричните мотоцикли и продолжните скутери се поретки, но тоа наскоро би можело да се промени благодарение на Vespa Elettrica.
Elettrica беше најавена уште во 2016 година, но конечно е подготвена да оди на продажба во Европа, со планови да се продава во САД и Кина на почетокот на 2019 година, објави компанијата во понеделникот.
Трошоците за отфрлање на бензински мотор чинат околу 7.300 долари – или двојно повеќе од цената на Vespa Primavera 50 (која користи бензински мотор). Што добивате за вашите 7.300 долари? Мотор со 5 коњски сили со батерија која треба да испорача околу 100 километри со целосно полнење. За целосно полнење на батеријата потребни се околу 4 часа.
Но Elettrica, исто така, доби и нов TFT дисплеј, целосно во боја. Елетричниот опсег од 100 километри звучи добро, но кога ќе пресметате дека Веспа од 50 цм (којашто работи на бензин) ќе понуди опсег околу три пати повеќе. Она што Elettrica го дава за својата цена е, голем електричен вртежен момент. Како што може да се замисли, 50-литарскиот бензински мотор не произведува големи вртежи во минута, така што забрзувањето не оди брзо.
За разлика од бензискиот, електричниот мотор на Elettrica треба да го направи идеален за градски сообраќај бидејки овозможува големи вртежи во минута, што го прави забзрзувањето инстантно.
Ф. П.