• Latest

Електрични автобуси: Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

March 7, 2022
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Електрични автобуси: Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

March 7, 2022 20:30
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиот период остваривме комуникација со многу производители, во завршна фаза сме и во подготовка на тендерска процедура за набавка на најмалку 100 електрични автобуси, но и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси. Овие зборови вчера ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како негова визија за тоа како треба да се развива организираниот превоз во главниот град.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во изјава за порталот СДК.МК денеска потврди дека Градот Скопје преговара со компании и со фондови од каде би се обезбедиле грантови за набавка на еко автобуси, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски „проактивно делува за подобрување на состојбата во Скопје“.

Засега никој не дава објаснување со кои компании се преговарало, кој сè преговарал и од кого добил овластување за вакво нешто, но и на кој начин ќе се одвива купувањето на електричните автобуси, ако се знае дека било каква набавка мора да помине низ меѓународен тендер на којшто понуди слободно ќе можат да достават сите заинтересирани компании.

Од опозициската партија СДСМ во Градот Скопје денеска реагираа на ваквите најави, напоменувајќи дека градоначалничката Данела Арсовска изминатава есен го поништи тендерот за изведба на брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје, за кој веќе беше обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој и со него беше планирана набавка на автобуси.

„Пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска: Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси. Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно: Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски“, изјави портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

Инаку, Градот Скопје за последен пат набави нови автобуси во 2019 година, кога пристигнаа 33 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ коишто сообраќаат на метан. Тие беа набавени на меѓународен тендер, на којшто се постигна постигна цена на тендерот од 266.000 евра за еден единечен автобус, додека зглобните автобуси чинеа 334.000 евра.

Претходната градска власт се одлучи за набавка на автобуси што сообраќаат на метан откако претходно во 2018 година тестираше три различни автобуси што сообраќаат на гас и еден електричен автобус на линиите на ЈСП. Тест-периодот ја отфрли можноста за користење на електричните автобуси, бидејќи требаше да се изведуваат електрични полначи за полнење на автобусите. Исто така, ЈСП-Скопје ќе треба да вработи дополнителен стручен кадар (електроинженери) за одржување на возниот парк на електричен погон, бидејќи јавниот превоз во Скопје досега немал искуство со употреба на тролејбуси или трамваи.

Инаку, медиумите во 2018 година објавија дека електричниот автобус што сообраќаше тогаш по скопските улици чини околу половина милион евра. Како што јавуваат странските медиуми, Романија лани набавила 123 електрични автобуси од европски производител за јавниот превоз во неколку градови, по цена од речиси 65 милиони евра. Со ова се потврдува податокот дека набавката на еден електричен автобус во просек ќе чини од 150.000 до над 200.000 евра поскапо во споредба со постојните автобуси МАН, коишто беа набавени за ЈСП-Скопје во 2019 година.

Според дадената изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во Скопје би се набавиле најмалку 100 електрични автобуси. Сепак, последните податоци до кои дојде Мета.мк од ЈСП минатиот месец говорат дека во скопскиот јавен превоз секојдневно се вклучуваат во сообраќај меѓу 260 и 280 автобуси за одржување на градско-приградските линии.

Ова би значело дека со набавката на електрични автобуси ќе се изврши модернизација на помалку од половина на возниот парк што го поседува ЈСП и приватните автобуски превозници. Ова пак ќе значи дека ЈСП ќе добие возен парк што ќе сообраќа на дури три различни погони – дизел гориво по кое сообраќаат украинските и кинеските автобуси, метан по кој сообраќаат автобусите од МАН и струја на која ќе сообраќаат идните електрични автобуси.

Инаку, според последниот извештај за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје за периодот јануари-септември 2021 година, ова јавно претпријатие остварило загуби во работењето во висина од 147,6 милиони денари. Притоа, во делот на приходите на ЈСП се вкалкулирани и субвенциите коишто ги добива од Град Скопје на годишно ниво. Заклучно со септември лани, ЈСП-Скопје имало вкупно 1.296 вработени.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ