• Latest

Ем шуто, ем боде

February 3, 2020

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Ем шуто, ем боде

Денешниот ден е во знакот на опструкциите на опозицијата и планот „Б“ на власта. И покрај иницирањето на одредени процеси ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ја опстуира работата на Собранието, дури и тогаш кога работите се случуваат на нивно инсистирање. На дневен ред за денеска беа опструкциите на седниците на две собраниски комисии и, секако, најголемата болка на опозицијата, Законот за Јавно обвинителство.

February 3, 2020 18:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Офанзива на СДСМ за Законот за Јавно обвинителство, се бара мнозинство од 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ за започнување на собраниската процедура. Зоран Заев најави дека законодавниот дом нема да се распушти сѐ додека не заврши процесот на изјаснување во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму го опструира процесот на донесување на овој закон. Клучна улога, по сѐ изгледа, ќе имаат помалите парламентарни партии како и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ за да се постигне потребното мнозинство. По денешните билатерални средби на министерката за правда Рената Дескоска со претставници на овие партии и групи ќе се знае конечното расположение за изгласувањето на Законот за Јавно обвинителство во Собранието.

Од седумте закажани седници на собраниските комисии две се одложија. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се појавија на седницата на Комисијата за политички систем каде требаше да се расправа за предлогот за продолжување на рокот за застарување на делата од два на три пати подолго од предвидената законска казна. Со нивното отсуство, интегративците и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оневозможија потребен кворум за отпочнување на седницата. Кирацовски на прес конференција извести за ваквото однесување на двете партии и потврди дека ова однесување оди во прилог на многу “поранешни и актуелни функционери” кои се засегнати во делата процесирани од СЈО.

Втората одложена седница беше онаа на Комисијата за култура поради „ различни ставови околу кворумот односно кој може да биде заменик член за да учествува во работата на ова собраниско тело“. Комисијата за култура на дневен ред ги имаше Предлог-заклучоците од надзорната расправа што ја организираше во март минатата година на барање на опозицијата, за културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.

Во фокусот на денот се најде и сведочењето на поранешниот премиер, Зоран Заев, за случајот „Монструм“. Заев одговараше на прашања од родителите на убиените момчиња и изјави дека не поседувал, ниту пак видел какви било докази за вмешаноста на Трајко Велјаноски во случајот Смилковско езеро. Заев потврди дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“. На една од средбите, дел од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им презентирал аудио материјали кои ги побарале, без да им даде копија. За тоа што јавно не ги објавил материјалите, Заев рече дека единствена причина била што сметал дека не постои целовитост за создавање целосна слика, и затоа на крајот решил, сѐ што поседува, да не биде објавено, туку да биде доставено до СЈО, за тие да ги употребат за докажување на вистината за „Монструм“ пред судот.

Маја Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ