• Latest

Енди Јен – CEO на Протон: Македонија е мала, но има голем потенцијал за развој на ИТ технологијата

June 19, 2023
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Енди Јен – CEO на Протон: Македонија е мала, но има голем потенцијал за развој на ИТ технологијата

June 19, 2023 11:10
in БЕЗБЕДНОСТ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Енди Јен основач и генерален директор на една од водечките компании во интернет просторот особено во заштитата на приватноста, во интервју за Цивил Медиа говори за потребата од безбеден интернет, но и за обидите за злоупотреба од страна на хибридни закани какви што се случуваат низ светот па и во Македонија.

Полицијата не секогаш е доволно екипирана или опремена да им влезе во трага на овие сторители на терористички закани, вели Јен и тоа не е случај само со Македонија туку насекаде низ светот. Но Македонија има голем потенцијал за развој на интернет индустријата, смета Енди Јен чија компанија веќе седум години е присутна во земјава.

Цивил: Како го објаснувате парадоксот колку поголема заштита на приватноста на граѓаните во интернет комуникациите, толку поголема е и злоупотребата на системот од страна на поединци или групи, каков што е случајот со заканите за бомби во македонските училишта и во училиштата во некои земји од регионот, а кои во еден дел беа упатени преку Протон?

Енди Јен: Да мислам дека сте во право, постои контрадикција но прашањето е покомплексно, не е се црно-бело. Прашањето не е специфично за Протон туку општо за технологијата.

Низ историјата секогаш кога ќе се појавеле нови технологии, тие можеле да се искористат и за добро и за лошо. На пример, таков е случајот и со појавата на авионот.

Со нив ние ги поврзавме континентите и луѓето можат бргу да патуваат но тие можат да бидат и злоупотребени од страна на терористи, а влијаат и на загадување на животната средина. Така што прашањето е како ќе ги решаваме овие потешкотии. Начинот на кој треба да му пристапиме на проблемот не е да се прашаме дали нешто може да се злоупотреби, бидејќи за тоа секогаш ќе има можност. Наместо тоа треба да се воспостават мерки по кои ќе одлучиме дали одредена технологија ќе напредува.

Правилниот пристап според мене е да се види општествениот бенефит. Ако одлучиме дека економските, социјалните и културни бенефити даваат поголема вредност во споредба со ризиците, тогаш треба да се најде начин за да се менаџираат тие ризици.

Ако дозволиме безбедна комуникација тогаш овозможуваме приватност, а приватноста ја овозможува слободата на говор кај луѓето. Важно е да се воспостави баланс. Ако луѓето имаат приватност, може да има опасност од злоупотреба, но од друга страна ако не ја заштитуваме приватноста, луѓето ги губат сите други предности и општествени бенефити. Ние треба да направиме се што можеме за да ги намалиме тие ризици од злоупотреби.

Цивил: Какво ниво на заштита нудат производите на Протон и дали тоа предизвикува потешкотии во пронаоѓањето на злонамерниците?

Енди Јен: Ако говориме за пронаоѓање на луѓето кои ги злоупотребуваат нашите сервиси, треба да разбереме приватноста не е исто со имунитет од криминални активности. Правото на приватност не ви дава одврзани раце да правите што сакате. Протон е швајцарска компанија, која ги почитува швајцарските закони. Швајцарија е земја која има многу строга регулатива. Тоа не е земја како на пример Русија каде што криминалците можат да шетаат наоколу и дури да ја водат државата. Во Швајцарија има строги правила, па ако зборуваме за луѓе што ги злоупотребуваат технологиите тоа не е дозволено согласно швајцарките закони. Тие закони важат и за нас, и сме обврзани да работиме на овие случаи. Приватноста не дава имунитет од кривичен прогон. Па ако го злоупотребите нашиот сервис можете да очекувате прогон од еден систем кој добро функционира.

Цивил: Споменавте дека имате канцеларија во Скопје

Енди Јен: За работата што Протон ја врши во Македонија многу е важно да се разберат две работи што не прават различни од другите конкуренти. Под еден, Протон не е аутсорсинг компанија, ние не работиме за трети клиенти, работата што ја вршиме во нашите канцеларии се за нашите продукти кои ги нудиме на корисници од целиот свет.

Работата што ја вршиме во Македонија не е помалку значајна, напротив, некои од најкритичните работи се вршат токму во канцеларијата овде. Вториот елемент е што ние сме меѓународна компанија и не правиме разлика меѓу канцелариите на пример во Скопје и во Женева. Нема тип на работа што може да се врши само во Швајцарија или само во Македонија. Важно е што имаме канцеларија во Македонија каде можат да се вршат сите типови на работа, почнувајќи од корисничка поддршка, па се до градење на напредна, комплексна и софистицирана технологија. Но и се измеѓу, како оператива, маркетинг, развој, стратегија, се е возможно да се работи од овде. Имаме единствена и динамична средина.

Цивил: Канцеларијата на Протон постојано го зголемува бројот на вработени, дали тоа значи дека и бројот на корисници постојано се зголемува?

Енди Јен: Како технолошка компанија, сакаме да бидеме поодржливи, па се надеваме дека ако ни се дуплира бројот на корисници, тоа нема да значи дека ќе мора да го дуплираме и бројот на вработени. Почнавме од 0, и пред 4-5 години имаше можеби 5-6 милиони налози од луѓе низ целиот свет. Неодамна ја надминавме бројката од 100 милиони налози на глобално ниво, па се зголеми и бројот на вработени и тоа укажува на добар раст на нашиот бизнис. Растот се забрза последниве години и ако ја погледнеме минатата 2022 година, компанијата порасна за 40% во само таа една година. Тоа е предизвик и причина зошто продолжуваме да вработуваме во канцеларијата во Скопје во последните 8 години, бидејќи растот продолжува.

Цивил: Дали може да се каже дека вие сте странски инвеститор во Македонија?

Енди Јен: На некој начин да ние се сметаме за странски инвеститор и тука има два елемента кои се вредни за дискусија. Првото прашање е зошто сме во Македонија, а второто е што е вредноста што странските компании како Протон можат да ја понудат во Македонија. Одговорот на тоа зошто сме тука е заради луѓето. Фирмите како нашата или живеат или умираат на база на талентот што го наоѓаме и развиваме во компанијата. Луѓето кои што ги вработуваме овде од почетокот до сега имаат исклучителен талент. Протон е селективна фирма, ние вработуваме помалку од еден посто од оние кои аплицирале. Не вработуваме секого – работата е многу тешка па затоа и не е за секого. Ние како фирма не правиме се имаме неколку области на кои сме фокусирани. Нашата филозофија е да бидеме најдобри во полето каде што сме фокусирани. И тоа е начин на размислување кој го има и во Швајцарија и во Македонија. Швајцарија е мала држава, а и Македонија не е многу голема, но и двете земји имаат амбиција да растат и да се развиваат на глобално ниво. Двете земји знаат дека не можат да прават се, но во тоа што го прават сакаат да бидат најдобри. Тоа е поврзаноста меѓу швајцарскиот менталитет и македонската амбициозност на луѓето кои ги вработуваме. Затоа сме овде.

Другото прашање е која е вредноста која нашата фирма ја носи. Странските инвестиции многу години се оценуваа само по тоа колку евра ќе донесат, но не можат да бидат сите исти, бидејќи меѓу нив има разлики. Така што ако се навратиме на Протон, и нашата дејност, тоа не значи само внесување пари во економијата туку и експертиза, способност, знаење и искуство. Бидејќи не правиме аутсорсинг, ја развиваме технологијата овде во Македонија и тоа со многу голема вредност. Тоа има ефект и во економијата, бидејќи работиме на највисокото ниво на ланецот на вредности и на тоа ги учиме и луѓето кои работат овде во Скопје. Секако тоа води до подигнување на другите области во економијата во ланецот на вредности. Тоа е фундаментално за развојот. Како компанија ние сме посветени пренесеме овие вредности во локалната економија.

Секој од нашите вработени во Македонија и исто така и акционер во компанијата. Ако компанијата расте, богатството кое ќе се создаде нема да биде само во прекуокеански земји, туку и овде.

Љубиша Николовски

Камера: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИТ ТенологииПротон лабхибридни закани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ