Европската унија соопшти дека заштитата на слободниот, чесниот и транспарентниот изборен процес е суштинска за секоја демократија и дека тоа е во срцето на односот на Унијата со Турција.
Соопштението е објавено откако изборната комисија во Турција ги поништи локалните избори во Истанбул и нареди нивно повторување.
„Оправдувањето на оваа одлука е со далекусежни последици, донесена во високо политизиран контекст, треба да биде, без одлагање, ставено на увид на јавноста“, се наведува во текстот.
Соопштението заедно го објавија комесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика и сигурност Федерика Могерини, а поставено е на интернет-страницата на Делегацијата на ЕУ во Турција.
Исто така, се истакнува дека Унијата очекува од турските власти повик на меѓународни набљудувачи за следење на повторните избори.
За првпат по 25 години, што според многумина беше голем пораз за Реџеп Таип Ердоган, кој и самиот беше градоначалник на градот во деведесетите години.
Заменикот претседател на опозициската Социјалистичка партија иронично рече дека во Турција било нелегално да се победи партијата на Ердоган.
„Ова е систем кој оди против волјата на граѓаните и го занемарува законите. Ниту е демократски, ниту легитимен. Ова е чиста диктатура“, рече Онурсал Адигузел.
Партијата на Ердоган и соработниците пак се жалеа за нерегуларности кои според нив, влијаеле на крајниот исход на изборите. Изборната комисија ја прифати жалбата вчера попладне пришто гласачите повторно треба да излезат на избори за градоначалник на Истанбул на 23 јуни.
Поради одлуката за прегласувањето, во делови на Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори во Истанбул кои се одржаа на 31 март, на кои победи опозицискиот лидер, Екрем Имамоглу.
Д.М.