Пред Комитетот за Европа и регионална безбедносна соработка во американскиот Сенатот се одржа сослушување за Западен Балкан, со фокус на поддршката на мирот и просперитетот на овој регион. На сослушувањето, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, повтори дека САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан.
„Нашиот долгогодишен дипломатски ангажман ја поддржува целосната интеграција на Западен Балкан во евроатлантските структури. Посилен Балкан, интегриран во посилна Европа, прави посилно трансатлантско партнерство“, изјави Ескобар.
„Ние веруваме дека Отворен Балкан и Зелената агенда се неопходни за европската интеграција. Ги повикуваме да се борат против корупцијата и да ги прошират можностите за интеграција. Ова ќе го спречи одливот на мозоци“, рече Ескобар. Наведувајќи дека САД нема да наметнуваат решенија, но дека сакаат да помогнат. Tој посочи дека САД се особено загрижени поради зголеменото влијание на Кина на Западен Балкан.
Ескобар истакна дека резултатите се јасни, додавајќи дека од земјите од поранешна Југославија сега четири се сојузници на НАТО и две земји-членки на ЕУ.
„Меѓу земји од Западен Балкан, четири се сојузници на НАТО и сите или ја споделуваат стратешката цел за подлабока западна интеграција. Нашата работа не е завршена. Континуираното лидерство од Соединетите Држави, вклучително и овде во Сенатот, останува суштинско за комплетирање на трансформацијата на Западен Балкан во посилни сојузници, трансатлантски партнери и придонесувачи за глобалниот мир и просперитет“, рече Ескобар.












