Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и Адора се договорија за закуп на топланите , со што ЕСМ зимава ќе го преземе снабдувањето на потрошувачите од Скопје со топлинска енергија но сеуште не се знае дали ќе работатна мазут, гас или дизел.
Договор беше постигнат денеска со сопственикот на топланите „Исток“ и „Запад“, компанијата „Адора инженеринг“, за државно изнајмување на топланите претстојнава грејна сезона
ЕСМ во своето соопштение за постигнатиот договор не откри дека на „Адора“ ѝ биле понудени гаранции дека државата ќе ги купи топланите.
Како што изјави Чифлиганец, договорот бил потпишан поради тоа што имало усна намера за купување на топланите од страна на државата, по примерите на Белград, Загреб и Љубљана.
Тоа се реформски, државотворни потези, топлинската енергија треба да биде во рацете на државните институции, изјави Чифлиганец.
Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година, според премиерот Ковачевски, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.
М.Д.