• Latest

ЕСС во понеделник ќе ги разгледува новите предлози за пресметка на платите во јавниот сектор

June 30, 2023

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ЕСС во понеделник ќе ги разгледува новите предлози за пресметка на платите во јавниот сектор

June 30, 2023 09:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата до понеделник треба да направи нови симулации за пресметка на платите во јавниот сектор, согласно понудените предлози од страна на синдикатите. Ова вчера го договори Економско-социјалниот совет (ЕСС) и најави дека преговорите продолжуваат.

Според синдикалците, има поместување од „мртва точка“, а според владините претставници, постигнат е значителен напредок во преговорите.

Седницата на ЕСС продолжува во понеделник.

– Има поместување од „мртва точка“, но ние од нашите барања не отстапуваме. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата, порача претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски по вчерашната седница на Економско-социјалниот совет.

Според него, покачување од страна на Владата не било понудено, а разликата во пресметките не е мала.

– Она што го разговаравме и она што може Буџетот да го издржи и она што беше изјавата на ММФ во текот на вчерашниот ден. Во тие насоки се водеа разговорите денеска. Но, ние не отстапуваме од она што го бараме, дека мора да биде поврзано со просечната плата. Имаше одредено намалување на тој транзициски период што го вика Владата, од неколку години се намали уште малку, ќе видиме дали ќе бидат прифатени нашите пресметки што ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден до Владата и во понеделник можеби ќе имаме друга информација, истакна Деаноски.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, оцени дека вчерашната дискусија меѓу социјалните партнери била конструктивна.

– На седницата беше презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години. По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите, соопшти МТСП.

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница  на ЕСС, тие порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава.

– Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика – моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС.

Sindikatat konsiderojnë se metodologjia e re e propozuar nga Qeveria për pagat në sektorin publik mund të jetë zgjidhje e përhershme, por thonë se afati prej pesë vitesh për harmonizimin e Ko

Деаноски, пак, порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите – просечна плата со коефициент.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ