• Latest

ЕУ чека, изградбата на првата депонија по европски стандарди очајно доцни.

September 27, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ЕУ чека, изградбата на првата депонија по европски стандарди очајно доцни.

September 27, 2021 11:53
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на првата локација во земјава на која што по европски стандарди ќе треба да се депонира и рециклира отпадот очајно доцни. Иако Општина Свети Николе во февруари годинава се согласи на формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, веќе седми месец 18-те општини од Источниот и Североисточниот плански регион не може да се согласат кој ќе биде директор – општината на чија локација ќе се наоѓа регионалната депонија (Свети Николе) или општината која што создава најмногу отпад (Куманово), пренесува Мета.мк

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ потврдуваат дека сите општини не можеле да одржат совети и да номинираат лица, така што по локалните избори останува да се дооформи ова меѓу-регионално претпријатие.

„Се надеваме дека нема да влијае многу на процесот иако има забелешки од страна на ЕУ за бавноста во имплементацијата од страна на општините“, признаваат од ова Министерство.

Оформувањето на регионален систем за управување со отпад во овие два региона е финансирано со неповратни средства од 40 милиони евра од страна на ЕУ. Целокупната документација веќе е изработена, набавена е опрема и возила за селекција и транспорт на отпадот, но клучно останува прашањето на изградбата на регионалната депонија во близина на селото Мечкуевци, Општина Свети Николе.

„Договорот со најповолниот понудувач да се потпише во октомври 2021 година, со што ќе започне всушност и изградбата. Услов од Брисел е да се воспостави претпријатието бидејќи всушност тоа е крајниот корисник“, информираше за „Мета.мк“ кон крајот на минатата година Живка Михајлова, Раководител на Стручната служба на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источен плански регион и Раководител на Одделение за инспекциски работи во Општина Пробиштип.

Најновиот датум со кој располага Министерството за животна средина и просторно планирање е почетокот на 2022 година, како период кога би бил распишан тендерот за изведба на регионалната депонија, која што би опслужувала околу 370.000 жители и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад.

Покрај депонијата што ќе ги задоволува строгите стандарди на ЕУ, на локацијата во Мечкуевци би се изградиле одделни погони за третман на отпадот, што подразбира механички пред-третман со сечкање на отпадот, преработка на обоените метали и скрининг, компостирање на мократа фракција, рафинација и зреење. Посебна постројка ќе има за сортирање на хартија, пластика, стакло и метален отпад, во која би се вршело рециклирање на материјалот. На оваа локација би се наоѓала и мала постројка за компостирање на градинарски отпад.

Ова практично значи дека Македонија за првпат би добила современа фабрика за отпад, во која само одреден процент од собраниот отпад всушност ќе се депонира на локацијата, а останатото селектирано ѓубре ќе го помине процесот на преработка.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање немаа конкретен одговор на прашањето на „Мета.мк“ што ќе се случи доколку градоначалници од различни политички партии победат на претстојните локални избори во двата плански региона, кои би се спротивставиле на изградбата на регионалната депонија.

„Се надеваме дека до тоа нема да дојде, бидејќи пред сè се работи за национален интерес (не политички)“, се вели во одговорот на ова Министерство.

Североисточниот и Источниот плански регион не се единствените во земјава каде што има надмудрувања и препирки меѓу самите општини во однос на воспоставувањето на регионален систем за управување со отпад. Со речиси идентичен проблем се соочува и Полошкиот плански регион, каде што има идентична блокада во оформувањето на меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад. Исто како што ЕУ е сериозно заинтересирана да инвестира во Истокот и Североистокот, Швајцарија сака да инвестира во регионалниот систем за управување со отпад во Полог.

Изградбата на регионалните депонии во изминативе години се соочуваше со бројни пречки и во другите региони од земјава – во општина Дебарца за Југозападниот плански регион, како и општина Росоман во Вардарскиот плански регион. Заинтересираните инвеститори кои сакаат да им го решат на општините проблемот со управувањето на отпадот веќе стана пракса да се откажуваат поради меѓусебните препукувања на општините.

Во меѓувреме, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од година во година опаѓаат инвестициите и трошоците за постапување со отпадот во земјава. Лани во постапувањето со отпадот сме инвестирале само 25,9 милиони евра, додека една година претходно биле вложени 30,9 милиони евра. Најголема вредност инвестициите и трошоците за постапување со отпад имале во 2018 година – 117,8 милиони евра и 2017 година – 126,6 милиони евра. Покрај сите други ставки, во овие вредности влегуваат и инвестициите во регионалните системи за управување со отпад.

Да потсетиме, „Мета.мк“ веќе во неколку наврати потсетуваше дека постојано расте количеството на создаден комунален отпад во земјава, кое лани достигна огромни 913.033 тони. Сепак, заедно со порастот на килограмите ѓубре што ги создаваме како граѓани, не се градат современите регионални депонии, на кои отпадот би се селектирал и рециклирал/компостирал. Како последица на ова, редовно низ земјава се појавуваат диви депонии, кои се голема опасност по здравјето на граѓаните и загадувањето на водите, почвите и воздухот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ