• Latest

ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со С Македонија

November 17, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со С Македонија

November 17, 2020 09:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот состанок е речиси извесно дека Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Северна Македонија поради билатералните несогласувања, додека од страна на германското претседателство, со помош на Европската Комисија, сѐ уште се водат напори за надминување на разликите до крајот на оваа година.

Од Советот се минимизира фактот што нема да се донесе одлука денеска упатувајќи на фактот дека состанокот не е физички, како и мартовскиот министерски состанок на кој се донесе одлуката за отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана беше виртуелен, што само малку го одложи процесот поради бирократските процедури, но не го спречи носењето на одлуката.

Дипломатите во Брисел се свесни дека Софија засега нема намера да попушти за барањето да се вметне билатералниот спор во ЕУ процесот со Северна Македонија, барање кое е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ.

Како што веќе јави МИА, во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања“, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје. Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање. Бугарско-македонскиот спор не се смета за безбедносен во ниту една меѓународна организација.

Во случајот со Белград, и поради сензитивноста на косовското прашање, поглавјето 35 има иста тежина како поглавјата 23 и 24 (правда и судство) и има моќ да го блокира, суспендира, или врати назад целиот процес на интеграција на Србија во ЕУ. Токму тоа, според дипломатите со кои разговараше МИА, го бара и Бугарија за Северна Македонија, што би довело до „билатерализација“ на процесот на проширување со Скопје, нешто што е спротивно на принципите на ЕУ.

За дипломатите од земјите членки на ЕУ ова може да биде „опасен преседан“ за останатите земји кандидати на западниот Балкан, но исто така ја потврдува тезата на најскептичните земји дека проширувањето кон источноевропските земји се случило прерано и дека треба да се стопира.

Со ова Бугарија би можела да им направи „голема противуслуга на сите земји од регионот“ коментираат од земјите членки на Унијата.

– Оваа политика на условување на Бугарија се плашам дека само ќе ги зајакне резервите на скептичните земји членки на ЕУ кон проширувањето и ќе се искористи како потврда за тезата дека прерано ја примивме Бугарија и дека сега ја плаќаме цената за тоа, објасни искусен ЕУ дипломат за МИА.

Инсистирањето на Софија да ја блокира Северна Македонија „непринципиелно“, велат дипломатите, „може да има далекусежни последици“ и ретко кој во ЕУ ја разбира бугарската позиција, посебно со оглед на тоа дека станува збор за историски прашања за кои дипломатите не се стручни, ниту со кои се занимаваат.

Прашање денеска е како ќе се постават другите земји членки кон нивниот сојузник Бугарија. Бројни дипломати во ЕУ не очекуваат голем притисок врз Софија засега поради претстојните избори во март.

Истовремено денеска се преговара и за повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија, како и пакетот за економско закрепнување. Извесно е дека Унгарија и Полска ќе го блокираат делот од буџетот посветен на сопствените средства на ЕУ, со што се доведува во ризик целата ЕУ во време на криза.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ