• Latest
Фото: МИА Архива

ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални

February 21, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални

February 21, 2024 08:31
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија синоќа го повика рускиот вршител на должноста во Брисел да ја пренесе својата „огорченост“ по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор, соопшти дипломатската служба на Европската унија (ЕЕАС), пренесува новинската агенција МИА.

Покрај ЕУ, голем број европски земји, меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Шпанија, Италија, балтичките земји и Хрватска, повикаа руски амбасадори или вршители на должност на разгопври во врска со случајот.

„ЕУ ја пренесува својата огорченост поради смртта на опозиционерот Навални, за која на крајот се одговорни претседателот (Владимир) Путин и руските власти“, се вели во соопштението на ЕЕАС.

Генералниот директор на дипломатската служба на ЕУ задолжена за Русија, Мајкл Зиберт, ја повика Русија да одобри меѓународна, независна и транспарентна истрага за смртта на опозиционерот и апелираше до Русија да го предаде неговото тело на семејството без дополнително одлагање и да им го предадат телото на блиските за да го организираат погребот.

По тој повод, дипломатијата на ЕУ повтори дека Русија треба „веднаш и безусловно да ги ослободи сите други политички затвореници како и сите лица уапсени низ цела Русија додека му оддава почит на Навални“.

Хрватското Министерство за надворешни работи синоќа го повика рускиот амбасадор во таа земја на разговор во врска со смртта на Навални.

Извор од италијанското МНР изјави дека бил повикан рускиот амбасадор во Италија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, без да даде други детали.

Смртта на Навални (47) во арктички затвор каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна беше објавена во петокот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУНавални
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result