• Latest

ЕУ, НАТО и ОН го поздравија спроведувањето на договорот за извоз на украинско жито

August 1, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ, НАТО и ОН го поздравија спроведувањето на договорот за извоз на украинско жито

August 1, 2022 15:52
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија, НАТО и ОН го поздравија спроведувањето на договорот за извоз на украинско жито, откако првиот брод рано утрото исплови од Одеса.

Првиот брод со жито исплови од украинското пристаниште Одеса, според претходно постигнатиот договор за безбеден премин, соопшти украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.

Европската унија го поздрави заминувањето на првиот брод и побара „целосна имплементација“ на договорот постигнат во Истанбул за повторен извоз од Украина, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Ова е прва многу важна и добредојдена фаза и со нетрпение очекуваме да се имплементира целокупниот договор и да продолжи извозот од Украина на клиенти ширум светот кои се погодени од кризата со храна предизвикана од руската блокада на украинските пристаништа, рече Петер Стано.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и се заблагодари на Турција што одигра „централна улога“ во постигнувањето договор за извоз на жито.

 

Сојузниците во НАТО цврсто го поддржуваат интегралното спроведување на договорот, чија цел е да се намали глобалната криза со храна предизвикана од руската војна во Украина, нагласи тој во порака на Твитер.

Бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне е натоварен со 26.000 тони пченка и плови кон Либан. Утре се очекува да биде во Истанбул, каде треба да помине инспекција на Заедничкиот координативен центар.

Либан зависи од извозот на жито од Украина и е една од најпогодените земји од кризата со храна, рече Стано.

 

И Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното отпловување од украинското пристаниште Одеса на првиот трговски брод со жито од 26 февруари.

Гутереш рече дека е хуманитарен императив да се осигура дека постоечките житарки и други прехранбени производи се наоѓаат на глобалниот пазар.

Тој посочи дека бродот, кој тргнал за Триполи во Либан, бил натоварен со 26.537 тони пченка, прв испловил согласно договорот од Истанбул за извоз на жито со бродови од пристаништата во Црното Море, кој бил потпишан на 22 јули.

Ј. Ѓ./Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ