• Latest

ЕУ предвидува 3,7 проценти раст на македонската економија, владините економски мерки ги оцени како позитивни

May 13, 2021

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕУ предвидува 3,7 проценти раст на македонската економија, владините економски мерки ги оцени како позитивни

May 13, 2021 09:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината. Очекувањата се дека следната година растот на економијата би бил 3,8 проценти. Закрепнувањето, според ЕУ, ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст.

Овие прогнози се нешто пониски од оние што во понеделникот ги презентираше Народната банка, според која растот на Бруто-домашниот производ годинава ќе биде 3,9 проценти и исто толкав ќе биде и следната година, а во 2023 година веќе ќе биде 4 проценти. Според макроекономските проекции на централната банка, инфлацијата годинава би била 2,2 проценти што е зголемување во однос на претходната проекција која изнесуваше 1,5 проценти.

Од Делегацијата на Европската унија во Скопје вчера ги оценија како позитивни и владините мерки за финансиска поддршка за исплата на плати кои придонеле загубите на работните места да останат ограничени. Сметаат дека ако годинава продолжи владината поддршка за работодавачите и работниците, тогаш најверојатно вработувањето ќе расте со забрзано темпо.

Од страна на Владата досега се донесени шест пакети мерки за поддршка на стопанството и на граѓаните. Последниот шести пакет, за кој веќе почнаа да се објавуваат јавните повици, тежи 17,8 милиони евра и со него се очекува да бидат опфатени 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Очекувањата се дека и овој пакет мерки, како и претходните, ќе ги даде очекуваните резултати.

Во моментот, најпогодените сектори како што се угостелството и туризмот на располагање имаат на располагање седум јавни повици на кои можат на аплицираат за добивање финансиска поддршка. Со овие повици опфатени се туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, игротеките, приватните детски одмаралишта,  компаниите организатори на настани,  кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби.

„За сите овие јавни повици како основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 проценти од просечниот месечен приход“, информираше вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Кај туристичките агенции, износот на средства ќе се движи од 60.000 до 300.000 денари, а ќе зависи од остварениот вкупен приход и бројот на вработени во 2019 година, како и од видот на лиценцата.

Забелешки на новиот пакет мерки има Независната угостителска комора која смета дека треба да бидат опфатени сите угостителски објекти, а не само оние кои се регистрирани со примарна дејност служење храна и пијалоци, бидејќи со одлуката на Влада од 5 април биле затворени сите угостители.

„Кога ја носеа одлуката од 5 април не беа затворени само угостителски објекти со приоритетни шифри. Беа затворени сите угостителски објекти. Како што знаете, било кој објект што работеше и вршеше угостителска дејност на лице место беше затворен и казнет со поднесена кривична пријава. Сметам дека е голема неправда доколку Владата или било кој министер мисли дека со одлука ќе се додели финансиска помош само на едни, а другите ќе бидеме набљудувачи и ќе гледаме како тие пари ги насочуваат за друга употреба, а ни кажат дека сме ги искористиле максимално и ни дале се она што ни следува“, изјави вчера претседателот на НУК Здравко Јосифовски.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања рече дека финансиска помош ќе добијат оние угостители кои се регистрирани со примарна шифра на дејност, како што е наведено во јавниот оглас. Потврди дека барањата на НУК се стигнати во Министерството за економија и дека ќе бидат разгледани. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ