• Latest

ЕУ во Извештајот за Северна Македонија: Да се подобри спроведувањето на законодавството за говор на омраза

November 16, 2022
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Русија дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Најмалку десет жртви, меѓу кои жени и деца во израелски напад врз училиште во Газа

May 12, 2025

Таравари: Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме, ќе се вратиме посилни

May 12, 2025
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, Сорбона, 25 април 2024 (скриншот од видео)

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

May 12, 2025

Курдските милитанти на ПКК објавија одлука за распуштање по децении конфликт со Турција

May 12, 2025
Фото извор: Укринформ

Украинските сили соборија 55 руски беспилотни летала, 30 исчезнаа од радарот

May 12, 2025

Избори Албанија: Најнови резултати од ЦИК- СП на Рама води со 52%, ДП втора со 34%

May 12, 2025

Туск: Русија го организираше пожарот во трговскиот центар во Варшава

May 12, 2025
Фото: МИА

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе дојде во Скопје

May 12, 2025

САД постигна трговски договор со Кина

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ЕУ во Извештајот за Северна Македонија: Да се подобри спроведувањето на законодавството за говор на омраза

November 16, 2022 13:00
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Терминот „говор на омраза“ е опфатен во два кластера и споменат дури 18 пати во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија во евроинтегративниот процес за 2022 година. Со тоа, Европската Комисија го издвои говорот на омраза како особено актуелна тема, за која се формулирани неколку препораки.

Она што е карактеристика на овие укажувања е сеопфатниот, холистички пристап кон овој феномен, па оттаму доаѓаат и укажувањата дека борбата против говорот на омраза треба да добие институционален и системски одговор како трајно и одржливо решение. Во таа насока се и укажувањата дека Министерството за труд и социјална политика треба да продолжи да инвестира во услуги за заедницата, каде што спаѓа и поддршка за жртвите на говорот на омраза кои се меѓу најранливите категории граѓани.

Во кластерот Фундаментални права во Извештајот како особено важна е потенцирана насоката да се спроведуваат сите одредби од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Иако извештајот нотира постојано подобрување во однос на родовата интеграција и почитувањето на правата на жените, мониторингот на ЕУ го имплицира говорот на омраза кон девојките и жените со една од централните препораки да се подобри спроведувањето на законодавството за говор на омраза и на националниот акциски план за спроведување на одредбите од Истанбулската конвенција.

Во таа насока, оваа препорака е дополнета со укажувањето дека механизмот за надворешен надзор над полицијата сè уште не е целосно функционален и дека му недостасуваат претставници од граѓанските организации.

Во овој дел на фундаменталните права, Европската комисија констатира дека препораките од претходната година беа само делумно спроведени и дека истите тие остануваат во важност, при што за претстојниот период е препорачано институциите и општествените организации, со партиципација на граѓанскиот сектор, да ги распределат неопходните финансиски и човечки ресурси за да ѝ овозможуват на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД) да стане целосно функционална и да ја зголемат соработката со Канцеларијата на Народниот правобранител, особено во делот на соодветна правна и институционална поддршка и услуги во заедниците за ранливите категории граѓани.

Кога станува збор за КЗСД, како едно од најважните институционални тела за спречување и заштита од говор на омраза, во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, во неколку делови се нотира и работата на Комисијата, односно проблемите со кои се соочува, при што се укажува на потребата од поголема и посоодветна финансиска поддршка за нејзината работа за да се овозможи целосна функционалност на Комисијата.

Според извештајот, многубројните логистички и финансиски предизвици ја попречуваат работата на ова тело за еднаквост. Се наведува дека Владата повторно го скрати годишниот буџет на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а не е завршено и пополнувањето со административен персонал.

Според Европската Комисија, овие прашања влијаат и на спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и треба итно да се решат. Во извештајот за Северна Македонија за 2022 година се акцентира неуспехот на Парламентот да го пополни празното место во Комисијата со член/ка, а исто така се забележува и на недостатокот од различност во составот на Комисијата, особено во однос на полот и лицата со попреченост.

Во Извештајот на Европската Комисија се наведува и дека Комисијата ги има усвоено своите внатрешни акти и стратешки документи, што претходно не беше аплицирано, што претставува институционална основа за работата на комисијата.

Слободата на изразувањето не е алиби за говор на омраза

Во однос на слободата на изразувањето, извештајот на Европската Комисија забележува дека Северна Македонија постигнала одредено ниво на подготвеност, односно дека е умерено подготвена во оваа област.

Извештајот препорачува да продолжи активноста за саморегулација на медиумите и да даде практични резултати во насока на подобрување на професионалните стандарди во новинарството.

Она што останува од минатата година важи и за претстојниот период на мониторинг и известување. Во прва линија, станува збор за за усогласување на домашното закондавство со правото на ЕУ во сферата на аудиовизуелните медиумски услуги.

Освен повторувачките препораки дека земјата треба да спроведе „зголемување на напорите за спроведување на стратегијата за реформи на јавниот радиодифузер и да ги финализира именувањата во програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, во извештајот се нагласува укажувањето за навремено решавање на сите случаи на закани и насилни дејства врз новинарите и да се осигури сторителите да бидат казнети.

Еден сериозен дел на овие закани, со ризици да предизвикаат и насилство од омраза, е и говорот на омраза кон новинарите.

Европската Комисијата констатира дека говорот на омраза е забранет и на интернет и надвор од интернет, меѓутоа продолжува да постои на социјалните мрежи, но и дека во декември 2021 година, онлајн закана кон новинарите објавена на социјалните медиуми беше санкционирана со судска пресуда, како прва откако говорот на омраза беше опфатен како кривично дело во Кривичниот законик на нашата земја.

Во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во врска со оваа прва судска разрешница за дело со говор на омраза, се наведува дека лицето со профил на социјалната мрежа Фејсбук именувано како „Сашо Митев“, беше прогласен за виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврди казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.

Во барањето за кривично постапување од ЗНМ седум месеци пред да биде изречена пресудата, беше аргументирано дека коментарите како тој на С.М. претставуваат кривично дело, кои, доколку останат несанкционирани, отвораат простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите што може да резултира и со насилство.

Неопходна е еднаквоста за спречување и осуда на говорот на омраза и за сите други граѓани и заедници

И покрај бирократскиот јазик и посветената бриселска внимателност, аналитичарите на препораките и на укажувањата во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите го забeлежуваат укажувањето за потребата од понагласена промоција на еднаквоста и осудата на говорот на омраза, злосторствата од омраза, дискриминацијата и нетолеранцијата кон останатите категории граѓани или заедници.

Посебно внимание во оваа насока е ставена на заедницата на лезбијките, геј-мажите, бисексуалците, трансродовите, интерсекс и квир лица (ЛГБТИК). Говорот на омраза и погрдните термини за ЛГБТИК-лицата, регистрира ЕУ, продолжуваат да преовладуваат во онлајн просторот. Потребни се сериозни напори за да се заштитат и да се обезбеди дека луѓето можат да ги остварат своите ЛГБТИК-права.

во Извештајот се забележува дека немаше напредок во истрагите за нападите во 2012, 2013 и 2014 година врз ЛГБТИК-центарот за поддршка, а во ноември 2021 година, канцеларијата на ЛГБТИК-организација во Тетово беше вандализирана и беа упатени смртни закани до активистите.

Во извештајот на Европската Комисија се констатира отсуство на систематско собирање податоци за злосторствата од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и нивното неефикасно следење од страна на државните органи и понатаму е сериозен проблем. Случаите на злосторства од омраза се регистрираат само во базата на податоци на граѓанското општество што води до извештаи, наведува извештајот и дополнува дека е потребно јакнење на капацитетите и свеста на јавните службеници за спроведување на законот и на правните професионалци за ефикасно спречување и гонење на сите случаи на насилство, злосторства од омраза и говор на омраза.

Извештајот нотира дека и покрај тоа што има правна рамка што штити од дискриминација и злосторствата од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, “спроведувањето на овие закони и понатаму е предизвик“.

По пресудата на Европскиот суд за човекови права (јануари 2019 година), македонските надлежни институции подготвија измени на Законот за матична евиденција за да се воведе законската постапка за признавање на родот, но, предлог-законот беше повлечен од собраниска процедура во март 2022 година, за дополнителни измени.

За време на јавната расправа за овој предлог закон неколку политичари дадоа хомофобични и дискриминаторски изјави, останува запишано во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Севеерна Македонија во евроинтеграцискиот процес.

Онлајн медиумите и платформите на социјалните медиуми се главниот извор на говор на омраза

Извештајот за Северна Македонија за 2022 година констатира дека онлајн медиумите и платформите на социјалните мрежи се главниот извор на говор на омраза, дезинформации, погрешни информации, прекршување на професионалните стандарди и прекршување на правата на интелектуална сопственост.

Европската Комисија запишала дека онлајн медиумите не се регулирани со конкретен закон и дека постојат различни ставови за потребата од регулирање, особено во поглед на растечките закани од дезинформации.

Во меѓувреме, како препорака на ЕК се нагласува потребата за кампањи од јавен интерес за да се зајакне разбирањето на засегнатите страни и пошироката јавност и да се зголеми знаењето и вештините на гражаните за спречување на ширење на говор на омраза и за зајакнување на нивната отпорност наспроти дезинформациите.

Европската Комисија ги охрабрува медиумските здруженија да продолжат со промовирање на воспоставениот регистар на онлајн медиуми (promedia.mk) со цел да се зголемат професионалноста и стандардите на онлајн новинарството.

Европската Комисија нотира дека Министерството за внатрешни работи управува со веб-страница преку која граѓаните може да пријавуваат злосторства од омраза, говор на омраза и други форми на насилство, но забележува дека последователните активности не се целосно транспарентни.

Медиумската писменост како еден од инструментите за спречување говор на омраза

Во делот на сеопфатниот (холистички) пристап за спречување и санкционирање на говорот на омраза, Европската Комисија во извештајот за Северна Македонија ја мониторираше и имплементацијата на медиумската писменост вклучително и дигиталната писменост, коишто доаѓаат и како препораки од Декларацијата за иднината на интернетот од 28 април 2022 година за начелата за веродостоен интернет, којашто ја потпиша и нашата земја заедно со повеќе од 60 меѓународни партнери.

Во однос на дигиталната трансформација, Европската Комисија нотира дека долгорочната стратегија за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) (за периодот од 2021-2026 година) сè уште не е донесена.

Покрај Стратегијата за ИКТ, Комисијата уште нaведува дека е потребно е да се изготват и да се донесат и стратегија за развој на дигиталните вештини и референтна рамка за дигитална писменост во општеството за подобрувањето на дигиталната писменост како приоритет во стратегијата за образование, со цел да се осигури дигитална трансформација преку повеќеаспектен пристап.

Последните резултати за рангирањето на Северна Македонија на најдолните позиции на индексите за медиумска писменост загрижуваат и предупредуваат.

Оттаму како многу сериозна треба да се прифати препораката на Европската Комисија во извештајот за нашата земја, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да биде многу повеќе проактивна во унапредувањето на медиумската писменост, родовата еднаквост во медиумските програми, како и во осудувањето на притисокот и заканите врз новинарите и медиумите.

Како дополнителни препораки за ААВМУ, Европската Комисија смета дека регулаторот треба да продолжи тесно да соработува со организациите на граѓанското општество и медиумските куќи за промовирање на медиумската писменост и темите за човекови права како што се родовата еднаквост и вклучувањето на лицата со попреченост.

Сеопфатност во пристапот за елиминирање и спречување на говорот на омраза е неопходна и таа треба да се опфати и во делот на медиумска и дигитална писменост, како и во делот на организирање кампањи кон таргетирани целни групи или области каде што е најизразен говорот на омраза како што е спортот, на пример.

Една таква активност е кампањата на ЕУ и Советот на Европа против ширењето на говорот на омраза „Блокирај ја омразата сподели љубов“ е заедничка кампања на Европската Унија и Советот на Европа која е создадена за да биде подигната свеста за опасностите поврзани со ширењето на говорот на омраза најчесто на интернет но и во секојдневниот живот.

Извор: СМК.МК

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ