• Latest

Еуромакс Ресоурцес: Пресудата во наша корист од Управниот суд стана правосилна

December 7, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Еуромакс Ресоурцес: Пресудата во наша корист од Управниот суд стана правосилна

December 7, 2020 12:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлуките на двата управни суда во Република Северна Македонија се уважи нашето тужбено барање и се поништи решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, информира Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје.

-Со судската пресуда во врска со нашата тужба против оспореното решение на Државната комисија се утврдува повреда на правилата на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Имајќи го предвид „начелото на сервисна ориентација кон странките“, првостепениот управен орган – Министерство за економија, требал да ја сочека одлуката на Владата по барањето на Еуромакс Ресурцес за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11 поднесено уште на 29 јануари 2016 година и дури потоа да одлучува за барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина,велатод компанијата.

Извршниот претседавач на Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Тим Морган – Вајни (Tim Morgan – Wynne) порачува дека одлуката на Вишиот управен суд и правосилноста на пресудата на Управниот суд создаваат нова правна извесност за иднината на проектот „Иловица – Штука“.

-Сега очекуваме во конструктивна и ефикасна соработка со Владата и сите релевантни институции да го обновиме и забрзаме процесот за обезбедување на сите потребни одобренија и лиценци. Така, во најкраток можен рок, ќе може да почнеме со реализација на нашата капитална инвестиција,изјави Морган – Вајни.

Претседателот и извршен директор Николас Треанд (Nicolas Treand) истакнува дека во ек на негативните економски последици предизвикани од пролонгираната борба со пандемијата Ковид-19, инвестицијата на  Еуромакс Ресоурцес од над 400 милиони евра, креирањето потреба од околу 600 директни и околу 2700 индиректни работни позиции кај локалните деловни партнери, несомнено ќе понудат и обезбедат огромни можности за брза ревитализација и прогрес на економијата на локално и на национално ниво.

-Нашиот Проект значително ќе влијае за намалување на трендот на економска миграција. Со одговорно и професионално оперирање ќе успееме да привлечеме многу од веќе иселените да се вратат во својата земја, на своите имоти и кај своите фамилии. Економско-финансиските параметри сугерираат дека рударскиот комплекс „Иловица – Штука“ брзо ќе се квалификува во првите Топ 3 извозни компании на Република Северна Македонија, посочиТреанд .

Компанија Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје и Проектот „Иловица – Штука“ се во 100-процентна  сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, канадско друштво, регистрирано во Ванкувер, Канада, кое е јавно листирано на Берзата за хартии од вредност во Торонто. Вака е од 2012 година и проектот никогаш не бил продаден или предаден на друга компанија во изминативе години.

Еуромакс Ресоурцес Лимитед има диверзифицирана меѓународна акционерска структура, со потекло на капиталот од различни земји, од Канада, од Соединетите Американски Држави, од Англија, од Швајцарија и од земји членки на Европската Унија. Акционерите на Еуромакс Ресоурцес го искажале интересот да инвестираат во компанијата со цел да се овозможи развој на проект од светска класа во Република Северна Македонија, кој што треба да работи согласно највисоките стандарди за безбедност и заштита на животната средина со користење на најдобрите расположливи технологии. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ