• Latest
Фото: МИА Архива

Еврокомесарот Бретон иницира „Закон за нуклеарни технологии на ЕУ“

April 12, 2024

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еврокомесарот Бретон иницира „Закон за нуклеарни технологии на ЕУ“

April 12, 2024 11:07
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Откако Европскиот парламент усвои нов сет на закони поврзани со енергетскиот сектор и транзицијата на европскиот гасен пазар, еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон сега најави идеја за носење „Закон за нуклеарни технологии на ЕУ“, со што би се трасирал патот за развој на интегрирана нуклеарна индустрија во Европа.

Согласно своите климатски цели за јаглеродна неутралност до 2050 година, а во услови кога се предвидува раст на потрошувачката на електрична енергија до 2040 година за 57 до 79 отсто, пред ЕУ се наметнува потребата за стимулирање на производството на струја од обновливи извори. Заложбата за добивање електрична енергија од чисти технологии доведе до изработка на Акциски план за енергија од ветерници и на Соларната повелба, со што ЕУ примарно во производството на струја би се орентирала кон користење на ветерот и Сонцето.

Но, очекуваната зголемена потреба од струја, а и енергетската криза во 2022 година, одново го наметнаа прашањето за преразгледување на употребата на нуклеарната енергија.

Бретон, чија земја е главен производител на струја од нуклеарни реактори во ЕУ, промовира концепт за усвојување на „Закон за нуклеарна енергија“, како резултат на, според него, неопходноста од подигнување на атомската енергија на „друго ниво, бидејќи таа има централна улога во сложената равенка меѓу безбедноста, одржливоста и конкурентноста“. Францускиот еврокомесар и од претходно во неколку наврати се залагаше за зголемување на европското истражување и иновации во „најбезбедните нуклеарни технологии во светот“.

Иако засега нема детали за самиот „Закон за нуклеарна енергија“, идејата на Бретон наиде на поддршка од директорот на француската државна енергетска компанија ЕДФ, Лук Ремон, кој ја оцени како „апсолутно добредојдено“. Тој додаде дека и „нуклеарната индустрија е европска“, не криејќи дека идејата за поддршката на атомската енергија е поттикната од француските интереси.

Нуклеарниот индустриски сектор неодамна формираше свој сојуз фокусиран на развојот на нови иновативни технологии, како мали и напредни атомски реактори и со идеја за зајакнување на притисокот врз европските институции за поголема јавна поддршка за оваа индустрија, вклучително и со помош од фондовите на ЕУ и преку кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) под поволни услови.

Според извршниот директор на финската државна енергетска компанија „Фортум“, Маркус Раурамо, доколку ЕУ преку ЕИБ покаже дека е подготвена да вложи капитал во нуклеарниот сектор, со тоа ќе испрати сигнали што би можеле да привлечат инвестиции и од други извори.

Но, ЕИБ засега останува воздржана околу ваквата идеја. Потпретседателот на ЕИБ, Томас Острос на собир посветен на нуклеарната енергија што се одржа кон крајот на март во Брисел, порача дека за Банката до 2030 година приоритет ќе остане поддршката на обновливите извори на енергија.

Tags: ЕПЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ