На Политичкото собрание на ЕПП во Брисел, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се сретнал и со Гордана Силјановска-Давкова.
Тој напиша:
Денес во рамките на Политичката собрание на ЕПП во Брисел се сретнав со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова. За жал, г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова сподели со мене дека има многу забелешки во однос на договорот со Бугарија и има различно мислење во однос на историјата. Искрено жалам што негативниот однос кон Бугарија, наследен од времето комунистичка Југославија и зајакнат во времето на Никола Груевски, сѐ уште доминира во главите на многу луѓе во Македонија. Поддршката за договорот со Бугарија, прифаќањето на нашата заедничка историја и запирање на говорот на омраза против Бугарија се строго основен минимум на кој треба да одговори секој во Македонија, кој сака и очекува нашата поддршка и пријателство. Ова е за мене и за партијата ГЕРБ, претставува тешкотија да го поддржиме овој кандидат!
Оваа порака, сепак, е придружена со фотографија што европратеникот Ковачев ја постира на својот профил на која, заедно со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, е насмеан. Ништо лично, со други зборови. Останува да видиме дали оваа фотографија, без пораката, ќе биде употребена за пропагандни цели.
А. Мехмети