• Latest

Европската комисија ја предаде преговарачката рамка за Северна Македонија во Советот на ЕУ

July 2, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европската комисија ја предаде преговарачката рамка за Северна Македонија во Советот на ЕУ

July 2, 2020 11:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ).„Денес се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Северна Македонија кон Европската Унија“, стои во писмената изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство. Европската комисија поднесува нацрт-рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.

Рамките се поделени на три дела: водечките принципи на пристапните преговори, суштината на преговорите и преговарачката процедура, со цел да се обезбеди целосно спроведување на европското законодавство и неговите принципи во законските рамки на земјите кандидати.

Во споредба со рамките на претходните земји кандидати, Европската комисија вели дека за Скопје и за Тирана се додадени и начелата на новата преговарачка методологија усвоена во март, земен е предвид и
развојот на европското законодавство како и специфичностите и заслугите на секоја поединечна земја.

„Очекуваме во наредниот период рамката да биде усвоена од државите членки со што преговорите и формално ќе започнат со првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство, отворајќи ги поглавјата од првиот пакет. Со овој предлог се утврдуваат правилата и принципите по коишто ќе се одвиваат преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, изјави денеска Зоран Заев.
Тој додаде дека ова претставува процес што ги носи европските вредности дома и побрзо воведување на европските стандарди во сите области.
„Оваа вест уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот којшто го исцртавме. По членството во НАТО, ја забрзуваме македонската интеграција во ЕУ. Двете стратешки определби ги реализираме во само 3 години. Тоа е успех на Владата, успех на институциите предводени од СДСМ, успех и на сите граѓани кои се определени да градиме европска иднина. Заедно постигнавме многу, и заедно ќе постигнеме уште повеќе и уште подобро. Влеговме во НАТО, #можеме и во ЕУ!“, додаде Заев.
Бујар Османи а прес – конференција пред Секретаријатот за европски прашања, истакна е само нацрт верзија и дека негото очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст

„Добро е што ова се случува во време на германското претседателство кои се големи поддржувачи на нашиот европски пат“, додаде Османи.

Османи додаде дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизам да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку
има застој.
А. П. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ