• Latest

Европски ден за заштита на личните податоци – колку приватноста на интернет познава граници?

January 28, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Европски ден за заштита на личните податоци – колку приватноста на интернет познава граници?

January 28, 2020 10:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во ерата на информациска сигурност на интернет, се чини, дека најслаба алка се токму луѓето. Минатата година до Дирекцијата за заштита на личните податоци 358 граѓани поднеле претставки за нарушување на правото на приватност, а 117 поднеле барања за заштита на личните податоци, постапка во која се иницира спроведување на инспекциски надзор.

Генерално, бројките се во рамките на она што како случаи Дирекцијата го имала за работа и во претходните две години, во 2018-та и 2017-та – околу 400 предмети. Анализите на Дирекцијата за заштита на лични податоци покажуваат дека повеќе од 60 насто во овие три години, претставките на граѓаните најмногу се однесуваат на злоупотреби на социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Јутуб, но и страници за порнографија. А има и такви кои се однесуваат на нарушени меѓусемејни односи, каде се користи видео камера.

„Најголем дел од претставките се однесуваат на пробиени или хакирани фејсбук профили или креирање на лажни профили каде некој се претставува во туѓо име или измислен лик кој сака да направи некоја „беља“ кон трета страна. Кој било што се појавува како потенцијална жртва, се бара итност во постапувањето. Ние објективно не можеме да постапиме пократко од 24 часа. Комуникација со Фејсбук администрацијата која е сместена во Даблин е солидна, но добиваат милиони барања на дневна основа, веројатно и тие прават некоја приоритизација што е побитно. Детскат порнографија, на пример, е далеку поважна од само пробивање на некој профил на социјална мрежа“, посочуваат од Дирекцијата.

Речиси секогаш кога станува збор за злоупотреба на социјалните медиуми, целта не е да се наруши исклучиво приватноста на некого. Тоа е само прв чекор кон вториот и главен напад. Анализите на европско ниво покажуваат дека 7 од 10 луѓе употребуваат една иста лозинка и за Фејсбук, Јаху, но и за електронско банкарство. Сходно на тоа, пробивањето на профилот дава 70 насто веројатност дека некој може да дојде и до нашите пари. Препораката тука е: доколку бидете жртва на пробиен профил или се креира профил за вас без оглед на мотивот треба целосно да го промените својот дигитален идентитет. Задолжително да се променат сите лозинки. Или едноставно да не користите иста лозинка за сите профили на интернет како дигитален идентитет.

Во однос на скандалот кој ја тресе македонската јавност со споделување на порнографски материјал и злоупотреба на фотографии на малолетнички на апликацијата Телеграм, од Дирекцијата информираат дека досега немаат примено ниту една претставка.

ДЗЛП под мотото “Иницијатива од граѓаните до граѓаните” од 28 до 31 јануари организира отворен ден за граѓаните, кои можат да постават прашања за заштита од злоупотреба на лични податоци, неовластено објавување фотографии, видео или аудио снимка или пак, за креирање лажни профили.

П. Клинчарски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ