• Latest

„Европски фронт“ и „ВЛЕН“ ќе одржат митинзи на ист датум и на исто место – чиј е планот и кој прв „ќе попушти“?

April 30, 2024

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

„Европски фронт“ и „ВЛЕН“ ќе одржат митинзи на ист датум и на исто место – чиј е планот и кој прв „ќе попушти“?

April 30, 2024 14:45
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ – „Европски фронт“, и коалицијата „ВЛЕН“ најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден ( 6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово, што предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.

Од ДУИ и „Европски фронт“ вчера  излегоа со соопштение, во кое се наведува дека објавувањето на датумот и местото на одржувањето на завршниот митинг на опозицијата (ВЛЕН) е ненадејно, пред два дена, откако тие една недела претходно најавувале дека и нивниот митинг ќе се одржи на истото место и на ист датум, и го карактеризираа чинот како чиста провокација.

„Во име на Изборниот штаб на Европскиот фронт и нашите поддржувачи, сакаме да го изразиме нашето разочарување и загриженост од ненадејната одлука на опозицијата да најави одржување на нивниот митинг, истиот ден и на истото место за кое добивме  полициска потврда и повеќе од една недела најавуваме дека на 6 мај ќе го одржиме завршниот митинг на плоштадот во Тетово.

Овој чин на опозицијата, која дури денеска излезе во јавноста, не само што е јасно кршење на принципите на разбирање и координација кои треба да преовладуваат во политичките активности, туку и непотребна провокација која може да ја загрози јавната безбедност и мирот.

Бараме опозицијата да ја преиспита својата одлука и да избере друг датум за нивната активност, за двете партии слободно и непречено да ги искажат своите ставови и програми.“, се наведува меѓу другото во соопштението од ДУИ и коалицијата „Европски фронт“.

Од таму порачаа дека се посветени на безбедна и мирна средина за сите граѓани што сакаат да учествуваат на нивниот митинг, и повикаа на смиреност и воздржување од провокации.

Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираа на соопштението на  „Европски фронт“, нарекувајќи ги нивните најави провокативни и измамнички, бидејќи, како што велат од ВЛЕН, тие уредно упатиле барање до општина Тетово од каде на 18 април е дадена согласност за датумот (6 мај) и местото на одржување на завршниот митинг.

„Очигледно е дека  ДУИ не може да се помири со реалноста дека државата не може да функционира според личните желби на Артан Груби и како што сака Али Ахмет, туку дека државата функционира според законот.

Затоа, ве известуваме дека Коалицијата ВЛЕН својот централен состанок ќе го одржи на 6 мај на плоштадот Илирија во Тетово. Ова во правна форма е утврдено со тоа што најпрвин се упати барање до општина Тетово, која на 18 април даде согласност ВЛЕН да одржи митинг на тетовскиот плоштад. Тоа го докажуваме со документот за согласност дадена од општина Тетово.

Исто така, според сите законски норми, навреме е известено и Секторот за внатрешни работи Тетово. Фронтот на ДУИ треба да знае дека државните институции не се приватна сопственост на Артан Груби и Али Ахмети, за да се користат по нивна желба и за нивни лични интереси. Но, постојат правила и закони како да се постапува по тоа. Тие не го поседуваат ниту Тетово како сопственост од татко им, туку Тетово е сопственост на граѓаните и работи според законите.

„Затоа, ве известуваме дека објавите што „Европски фронт“ ги дистрибуира на социјалните мрежи и во конференциските сали се директна акција на Артан Груби во координација со Али Ахмети. За што се сомневаме дека овие акции на партијата на Ахмети може да имаат и цел да поттикнат и да предизвикаат физички инциденти меѓу албанските граѓани. Ова нема да го дозволиме и бараме граѓаните да не станат плен на овие измами и провокации, а од надлежните институции бараме навремени мерки за спречување на какво било немило сценарио планирано од Артан Груби!“, велат од ВЛЕН.

Со оглед на тоа дека и двете коалиции очигледно се решени завршните митинзи да ги одржат на ист ден и на исто место, и се чини дека и двете опции сметаат дека имаат монопол врз просторот( и покрај тврдењата дека општинската власт и органите на МВР дале согласност, што во најмала рака е  ) , но и времето на нивните поддржувачи, останува да видиме дали на крајот една од коалициите сепак ќе попушти…

И двете спротивставени коалиции тврдат дека од општинските власти и органите на МВР е дадена согласност за одржување на митинзите, што создава простор за многу шпекулации, а и потенцијални тензии, како и плодно тло за немири, што според вжештените наративи на одредени политички „натпреварувачи“ во овој изборен циклус, би било „цреша врз програмната торта“.

Инаку, во интервју за Слободна Европа, објавен на 24 март 2024 година, техничкиот министер на МВР, Панче Тошковски изјави дека е сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред неговото доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот. Тој посочи дека со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.

„Моите механизми се, во рамки на одредбите од законот кои се насочени кон овозможување на соодветни предуслови, да сториме се што можеме за да имаме фер и демократски избори. Максимално да го засилиме тој дел таму со полициски службеници, да побараме поддршка од нашите меѓународни партнери, ОБСЕ ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт, тој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна.“, порача Тошковски.

Со оваа изјава на Тошковски, еден месец пред иборите, и со последните случувања на теренот во последните денови на кампањата за парламентарните избори, како што е судирот на двете коалиции во Тетово, се остава простор и за дополнителни сомнежи и шпекулации дека ваквите „недоразбирања“ или „случајности“, се всушност дел од предвремено „акциско планирање“ од одредени центри.

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ