• Latest

Европски и американски интелектуалци со поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција

July 21, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европски и американски интелектуалци со поддршка за договорот меѓу Македонија и Грција

July 21, 2018 12:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во отворено писмо до јавноста, објавено во британскиот весник „Гардијан“, повеќе од 40 интелектуалци од Европа и САД бараат историскиот договор меѓу Македонија и Грција со кој се решаваат разликите околу името, да биде спроведен.

Во писмото потпишано од универзитетски професори од Лондон, калифорниски Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, членови на Европскиот парламент, истакнати филозофи од Стразбур и Париз ја изразуваат поддршката за Договорот, потенцирајќи дека тој го почитува достоинството и правото на самоопределување на двата народи и ја потврдува желбата на двете земји за мирен соживот.

Овие истакнати личности, потенцираат дека Договорот ги дефинира политичките, историските и културните граници меѓу класичната грчка Македонија и – од сега – Северна Македонија, ставајќи јасно до знаење дека македонскиот идентитет може да биде споделен меѓу луѓето кои го прифаќаат, со различно значење.

Потсетувајќи на главните грижи, но и придобивки за едната и другата страна, во писмото се истакнува дека кога ќе биде завршен, „овој правно-обврзувачки меѓународен договор ќе го реши прашањето за оспорениот политички идентитет, толку вообичаен во мултикултурните општества, и ќе понуди модел за идно решавање на други долготрајни конфликти“.

Сепак, европските и американски интелектуалци посочуваат дека во обете земји постојат екстремисти и радикали кои се против договорот. Тие наведуваат дека посебно во идната Северна Македонија е неопходно сите да ги исполнат ветувањата со цел да успее референдумот, планиран за наесен.

„Во овие критични времиња, кога Европа се соочува со подемот на екстремниот десничарски национализам и расизам и опасните ревизионисти на Балканот и Европа, кои ги делат луѓето на „предавници” и „патриоти”, поважно е од кога и да е да се поддржат оние што преземаат ризици за помирување. Ние го поддржуваме овој фер договор и ги повикуваме сите страни да го исполнат својот дел од договорот“, се наведува во отвореното писмо на интелектуалци од САД и Европа во „Гардијан“. (МИА)

Tags: „Гардијан“ГрцијаЕвропски и американски интелектуалциМакедонијаписмоподдршка за договорот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ