• Latest

Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики

January 23, 2024
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики

January 23, 2024 19:08
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на годишната конференција „Година на европски можности“, на третиот панел – „Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики“ во организација на Владата на Република Северна Македонија се обратија министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадорката на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, Вероник Хулман, претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани, вишата специјалистка за образование во Светска Банка, Бојана Нацева и директорот на Унверзитетска Клиника за психијатрија, Доц. д-р Стојан Бајрактаров. Фокусот на панелот беше на инвестициите и модернизацијата на политиките и мерките во делот на здравство, образование и социјалните политики.

„Изминатата година направивме суштински темелни промени во здравството. За првпат го набавивме лекот Трикафта, воведовме шест нови лекови за пациентите со ретки болести. Една работа на која сум особено горд е тоа што обезбедивме 650 сензори за безболно мерење на шеќер во крвта. Направивме двојно зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на 5 милиони евра, со што набавена е медицинска опрема во повеќе од 15 здравствени установи. Ги подобривме условите во 13 јавно-здравствени установи“, рече министерот Меџити.

Тој истакна дека започната е и реформа во примарната здравствена заштита и дека со тоа пациентите не ќе мора да одат кај специјалисти за основните потреби додека со ова матичните лекари ќе се чувствуваат повеќе ценети.

„По 13 години ја ревидираме позитивната листа на лекови и десет нови лекови ќе се најдат на оваа листа. Горди сме што успеавме со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД, како и универзитетските клиники за психијатрија и гинекологија првпат од ваков обем да обезбедиме научни податоци, за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства, како и жени во перинатален период. Министерството за здравство веќе има Стратегија за ментално здравје 2018 – 2025. Прв приоритет на Националната здравствена стратегија е менталното здравје на деца и адолесценти, односно развојот на мрежа на институции во државата со помош на Европската Унија. Се очекуваат конкретни проектни планови во текот на оваа година“, посочи министерот Меџити.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека Владата и МОН обезбедуваат континуитет на започнатите промени во образованието и дека оваа година, развојот на воспитно образовниот систем уште повеќе се интензивира, за што обезбеден е рекорден буџет во износ од 32 милијарди денари.

„Се посветуваме подеднакво на сите аспекти на образованието и верувам во успех затоа што политиките ги градиме врз база на анализи и факти, со поддршка од пошироката јавност, но и од меѓународната заедница“, рече Шаќири.

Тој потсети дека нови наставни програми и учебници има од прво до шесто одделение и дека етапната замена продолжува. Во средното образование пак, фокусот останува на унапредувањето и проширувањето на концептот на дуално образование, кој ги направи средните стручни училишта интересни за младите.

„Во период од една година реконструиравме 80-тина училишни објекти, а изградивме и четири нови. Годинава со реконструктивни активности ќе опфатиме 90-тина училишни објекти, ќе започне изградбата на пет нови и ќе се прошират просторните капацитети во постоечки 15. Овој месец започнува и етапната реконструкција на девет државни студентски домови“, рече министерот Шаќири.

Министерката Тренчевска зборуваше за посветеноста на Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита и информираше дека од 2017 година до денес се изградени 81 јавна установа со капацитет за 8.000 деца. Таа истакна дека заложбите продолжуваат и во наредниот период.„Одвоивме четири милиони евра за пет нови градинки во  општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, и Карпош. Исто така во текот на 2024 година ќе се обезбедат нови 1.653 места за деца со отворање на 14 нови градинки, дизајнирани да бидат инклузивни и добредојдени за сите деца. Кога зборуваме за децата морам да истакнам дека во изминатиот период овозможивме усогласување на правата од детска и социјална заштита и за една година овозможивме покачување од над 25%“, рече министерката Тренчевска.Министерката истакна дека министерството секоја година со поголем буџет ги поддржува младите па така за оваа година за Оперативен план се издвоени два милиони евра повеќе од минатата година. Таа истакна дека се зголемуваат и средствата за мерката за самовработување и дека истата оваа година ќе изнесува 6.000 евра. Таа го спомена и младинскиот додаток со кој се исплаќаат по 3.000 денари на млади до 23 години. Во оваа мерка од 2020 до 2023 година како што истакна министерката имаат вклучено 13.000 млади.

„Менталното здравје е актуелно особено по КОВИД кризата. Како министерство се залагаме за менталното здравје, па така ја усвоивме Стратегијата за ментално здравје на Влада и моментално сме насочени кон нејзина имплементација. Воедно како министерство спроведовме и кампања Walk and Talk каде вклучивме над 500 средношколци“, рече Тренчевска.

„Двојното стручно образование им овозможува на студентите да се стекнат со вештини потребни за економијата и да се вработат, а тоа е можно благодарение на силната соработка со приватниот сектор. Меѓутоа, за понатамошно вградување во националниот систем, клучно е Законот за стручно образование и обука и Законот за средно образование да бидат усвоени од Собранието. Предвидувањето на идните вештини, вклучително и вештините за развој, е од клучно значење за економијата да остане конкурентна и да се интегрира на европскиот пазар“, рече амбасадорката на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, Вероник Хулман

Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани истакна дека резултатите на УНИЦЕФ во државата не се само на организацијата туку се заеднички и цврсти чекори со институциите и сите релевантни чинители. Таа се осврна на соработката со министерството за здравство и министерството за труд и социјална политика во делот на менталното здравје. Истакна дека организацијата има изработено Национален акциски план за ментално здравје кај адолесцентите и дека истиот значително треба да помогне при одговорот на овој предизвик.

„Како Светска Банка сакаме да разбереме кои се предизвиците на земјата, и досега утврдивме дека најважното е благосостојбата на граѓаните. Државата моментално е пред двоен предизвик, стареењето и миграцијата. Овие се процеси кои тежнеат и даваат можност на Владата да размисли за механизми и мерки кои ќе ја подобрат целосната слика“, рече Нацева.

Таа истакна дека Светска Банка не ја дава поддршката само со средства туку ја дава и поддршката преку аналитичките капацитети кои придонесуваат политиките да се базираат на факти и анализи, а не само на лични мислења.

Последен панелист на третиот панел беше Доц. д-р Стојан Бајрактаров кој зборуваше за менталното здравје како поле каде може да се забележи успешна соработка меѓу министерството за здравство, министерството за образование и наука и министерството за труд и социјална политика. Бајрактаров зборуваше и за подготовката на новата стратегија за ментално здравје и на важноста на истата за младите

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ