Во европските кругови, според неофицијални информации, преовладува мислењето дека пораката на рускиот СВР дека ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија е само пропаганда, на што се придружи и српската пропаганда, бидејќи српскиот претседател Вучиќ споменува дека во протестите се вклучени три европски тајни служби, но дека „не може да каже кои“, пишува Н1 Словенија.
Покрај тоа, српската пропаганда, пред годишнината од падот на настрешницата, според проценките во европските кругови, ја шири и лагата дека демонстрантите, или „блокадерите“ како што се нарекуваат, планирале екстремно физичко насилство, според N1 Словенија.
Во соопштението на СВР објавено на нивната веб-страница на 15 септември се наведува дека „сегашните немири во Србија, со активно учество на млади луѓе, во голема мера се производ на субверзивните активности на Европската Унија и земјите-членки на таа алијанса, и дека целта на европскиот либерален мејнстрим е да донесе на власт во оваа најголема балканска земја послушно раководство лојално на Брисел“.
Службата за надворешно разузнавање на Русија (SVR) објави дека Европската Унија стои зад „немирите во Србија“ и дека годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад ќе биде искористена за завршување на „српскиот Мајдан“.